Вести

Проект за ефикасно откривање и управување со шумски пожари со цел зголемување на подготвеноста и размена на практики со Грција

Преку реализирање на проектот за рано откривање пожари и нивно движење за превенција и справување со катастрофи „еФИДАР“ (eFIDAR), со финансиска помош од ИНТЕРРЕГ ИПА Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Грција – Република Северна Македонија, 2014 -2020, денеска во Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше реализиран прием на теренско возило опремено со информатички комуникациски технологии (ИКТ) за ноќни операции. Врз основа на надлежностите и задачите како и следење на состојбите со пожари возилото, е планирано да биде поврзано со дроновите и Командниот центар во Струмица (преку GPS).

Општата цел на проектот е ефикасно откривање и управување со шумски пожари во прекуграничната област преку соодветни алатки (ИКТ) со цел зголемување на подготвеноста како и размена на практики меѓу двете земји.

Развојот и имплементацијата на ИКТ системи за ефикасно рано откривање на шумски пожари, со зголемена прецизност, намалување ниски стапки на лажни аларми и способност за 24/7 работа ќе го покаже потенцијалот на ваквата иновативна технологија што ќе придонесе кон рано предупредување за ризик од катастрофи од шумски пожари.

Поврзани објави

Одржана 51 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево

Cuk Editor

Регионален штаб Свети Николе: Утврдена подготвеноста на институциите за справување со опасноста од снежни наноси и зимско одржување на патиштата

Web Administrator

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 02/2023 ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе