Сеуште е активен пожарот во атарот на с.Белица, м.в.Аргулица (опш.Македонски Брод). Пожарот е активен од ден 28.09.2023 година, а опожарена е ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и е скоро невозможно за пристап од лица за гаснење.
Во текот на вчерашниот ден на терен биле ТППЕ Македонски Брод со 2 пожарникари и 2 вработени во ЈП Национални Шуми, подружница „Сандански“ – Македонски Брод со 1 теренско возило.