Пожари

Пожар помеѓу Лозово и Велес, гори квалитетна борова шума, ангажирани се и воздухоплови за гаснење

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, при координацијата за гаснење на пожарот, даде насоки за упатување на еден хеликоптер од МВР за гаснење на таа локација, после ангажманот и дејството врз пожарот кај с. Кондово, Скопско. Ангелов информираше дека истовремено при координацијата дал насоки за после 10.30 до околу 11.00 часот, да полетаат и двата противпожарни авиона „ер трактор“ од ДЗС.

Пожарникарите на ТППЕ Велес дејствуваат од вчера врз пожарот на отворен простор помеѓу селата Иванковци и Мамутчево во Општина Велес и кај с. Милино во Општина Лозово. На терен дејствувале 17 пожарникари со четири ПП возила од ТППЕ Велес, од ЈП „Национални шуми“-подружница „Бабуна“ од Велес дејствува екипа од пет вработени со едно теренско возило, а од страната на Свети Николе дејствува една екипа од 5 пожарникари со теренско возило од ТППЕ Св. Николе со тим од 4 вработени од ЈП „Национални шуми“ подружница „Шумарство“ од Свети Николе.

Поради силен ветер, пожатот се проширува и зафаќа делови од боровата шума во тој реон. Поради големината на пожарот и силниот ветер градоначалник на Општина Лозово, Бошко Цветковски, преку единствен број за итни повици 112 во ЦУК побара ангажирање на воздухоплови за гаснење на пожарот.

Поврзани објави

Активни пожари 26.7.2024

Cuk Editor

Пожари на отворен простор

Cuk Editor

Состојба со пожарите на отворен простор 30.7.2024

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе