Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 08.11.2023 година во 18 часот и 16 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 107 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Демир Капија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточниот дел, и тоа од населението во околината на Демир Капија, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.