Вести

Land Rover Defender Hard Top N1 на помош во Центарот за управување со кризи

Заради реализирање и имплементирање на дејност од јавен интерес, компаниите „Ауто Валис Дистрибјушн“ и „Аутомобили Гроуп“ регионалниот увозник, заедно со дистрибутерот на возилата Jaguar и Land Rover, на Центарот за управување со кризи му отстапија на користење нов Land Rover Defender Hard Top N1.

Целта е да се помогнат теренските активности на Центарот за управување со кризи, во случаите на справување со природни непогоди како пожари и поплави.

Центарот за управување со кризи е институција надлежна за превенција, рано предупредување и справување со кризи меѓу кои и спасување на загрозени лица од непристапни терени и во тешки временски услови. Затоа Land Rover Defender ќе биде најиздржливиот и еден од најспособните сојузници на вработените на ЦУК.

Вработените на ЦУК годишно имаат над 100 интервенции низ Републиката. За полесно да одговорат на сите предизвици тие ќе имаат на располагање Land Rover Defender Hard Top N1 – убедлива комбинација на теренски способности, практичност и товарен простор, импресивна носивост до 800 kg кај верзијата 110 и можност за влечење приколка до 3.500 kg со опција за прилагодување на внатрешноста. Без вториот или третиот ред седишта, Defender 110 Hard Top нуди товарен простор до 2.059 литри.

Според директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, оваа соработка им значи многу: – Мило ни е е што компаниите „Ауто Валис Дистрибјушн“ и „Аутомобили Гроуп“ ја препознаа улогата која ја има ЦУК за навремена реакција, ефикасност и соодветно искористување на ресурсите што се на располагање во случај на итна или кризна состојба и предложија ваков вид соработка. Ова возило ќе овозможи да им се помогне на сите граѓани на кои им е потребна помош на непристапен терен и тешки околности, но и да се поддржат проектите за заштита на животната средина – нагласи Стојанче Ангелов.

Директорот на „Ауто Валис Дистрибјушн“ за регионот на Адриа Милош Стефановиќ, со задоволство истакна дека оваа соработка е дел од еден поширок регионален и долгорочен проект. Land Rover Defender е возило кое може да стигне до сите терени, па во рамките на проектот веќе е отстапен за помош и користење на служби и организации за спасување во регионот, а отсега и во Северна Македонија.

Од „Аутомобили Гроуп“ наведуваат дека како општествено одговорна компанија големо е задоволството да се поддржи ЦУК во нивната мисија: – Неспоредлив, несопирлив, Land Rover Defender ја има способноста којашто е потребна да се биде помеѓу оние кои имаат храброст да пружат помош, онаму каде другите не се осмелуваат или не можат да одат – изјави Љупчо Георгиевски, бренд-менаџер во „Аутомобили Гроуп“.

Поврзани објави

Одржана 52 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево

Cuk Editor

Проект за ефикасно откривање и управување со шумски пожари со цел зголемување на подготвеноста и размена на практики со Грција

Cuk Editor

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов во седиштето на НАТО во Брисел, на состаноци за креирање на национална политика во делот на градењето отпорност

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе