Сервисни информации

Електроснабдување

ЕВН Македонија известува дека поради планирани зафати на електро дистрибутивната мрежа на ден 16.11.2023 година, без напојување со електрична енергија ќе останат:

  • Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул.Кнез Хацон (опш.Карпош – Скопје);
  • Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците 2, 13, 42, 52 и Радишанска во нас.Радишани (опш.Бутел – Скопје);
  • Од 09:00 до 10:00 часот, наплатна станица Арнакија (опш.Сарај – Скопје);
  • Од 08:00 до 09:00 часот, објектот на Сатра и објектите во околината на ТС Сатра (опш.Илинден – Скопје);
  • Од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од град Тетово – објекти кои се наоѓаат на места каде се вкрстуваат улиците: Б.Тоска со Илинденска и Илинденска со Гостиварска (опш.Тетово);
  • Од 09:35 до 11:30 часот, корисниците од ТС Квасара 1, 2, 3 и 4; Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од селата Новаци и Рибарци, ТС Амбуланта Новаци, ТС Новаци Манастир и ТС Земјоделие ЗИК; Од 11:30 до 13:30 часот, корисниците од ТС Млекара 1 и 2 (опш.Битола);
  • Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од конфекција БТБ Македонија на ул.Илинденска бр.5; Од 10:00 до 14:30 часот, корисниците од с.Истибања – делот кај центарот и аптеката (опш.Виница);
  • Од 09:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од с.Радолишта – кон с.Шум, потрошувачите на с.Шум, Водовод, Каменолом Везир, с.Вишни, централи Вишни и с.Заграчани (опш.Струга);
  • Од 09:30 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул.11ти Октомври и нас.Бедиње (опш.Куманово);
  • Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од бул.Гоце Делчев – поранешна конфекција Фина Текс и Мио Кафе; Од 10:00 до 15:00 часот, корисниците од с.Костурино, Репетитор на Радиодифузија с.Раборци, с.Мемешли, рудник Неметали Огражден – Мемешли, с.Дорломбос и с.Орманли, викенд населба Раборци-Цано, Иљо Орцев и Елас (опш.Струмица);
  • Од 07:00 до 12:00 часот, корисниците од целата Индустриска зона Раброво (опш.Валандово);
  • Од 12:00 до 14:00 часот, поголемиот дел од корисниците од Валандово (освен долна мала и дел од корисниците под полицијата), вклучително и Пекара Биоприн; Од 08:45 до 10:30 часот, плантажа Прдејци, фарма Прдејци, станица Стара Смоквица и други индустриски објекти во близина на овие села (опш.Гевгелија);
  • Од 10:00 до 14:00 часот, корисниците од с.Кадрифаково, Млин Ивана, Нико 2002 (Мондао), Слога Кадрифаково (Лебед) и Наплатна Кадрифаково (опш.Свети Николе);
  • Од 08:40 до 15:00 часот, корисниците од Индустриката зона кај Нине Солар, Металферт, селата Тодоровци, Косевица, Моштица, Саса, Костин Дол, Павлиш Дол, Ристовци и Требеш, Вера Јоциќ, Маврово (опш.Македонска Каменица);
  • Од 08:50 до 15:00 часот, корисниците од селата Долно и Горно Крушје, Лазе Дамјаноски и с.Слатина (опш.Македонски Брод);
  • Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од Населба Смиловци во Чашка (опш.Велес);
  • Од 08:00 до 16:30 часот, корисниците од улиците Стојан Јошески, Браќа Шемкоски и Пецо Крстески Даскало и дел од ул.Пиринска (опш.Прилеп);
  • Од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од с.Коњух (опш.Кратово);
  • Од 07:30 до 13:00 часот, корисниците од с.Дренак (опш.Крива Паланка);
  • Од 09:50 до 15:30 часот, корисниците од дел од с.Горно Лакочереј, Св.Спас, антени и репетитори Горенска Чука, и од селата Ливоишта и Вапила (опш.Охрид).

Поврзани објави

Крводарителни акции

Cuk Editor

Крводарителни акции

Cuk Editor

Почувствуван земјотрес во Штипско

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе