Од Институтот за трансфузиона медицина известуваат дека за денес планирани се три крводарителни акции во Скопје и тоа:
– Со вработените во фирмата АСЕКО – Скопје
– Со вработените во АД Пивара – Скопје
– Со учениците во СУГС Браќа Миладиновци – Скопје.
Oпштинската организација на Црвен крст Тетово, со помош на стручни тимови од Центар за Трансфузиона Медицина Тетово, организираат акција на крводарување во:
1. Во просториите на Гимназијата Кирил Пејчиновиќ-Тетово на ден 17.11.2023 година во периодот од 10:00 до 13:30 часот.
2.Во просториите на Општина Брвеница на ден 19.11.2023 година во периодот од 10:00 до 14:00 часот.
3.Во просториите на Гимназијата 7ми Март-Тетово на ден 21.11.2023 година во периодот од 10:00 до 13:30 часот.