Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, беше во транзитниот центар ,,Винојуг” во Гевгелија, заедно со раководителот на РЦУК Гевгелија, на состанок на сите релевантни државни, невладини како и УН организации што се присутни во транзитниот центар и редовно соработуваат. При работниот дел на состанокот, свое обраќање имаше и директорот на ЦУК, при што, покрај за редовната координација и обучувањето на кадарот во центарот се осврна и за зголемиот број одземени возила што се стационирани во центрот што циклично се предлага да се дислоцираат, изразувајчи надеж дека поголем дел од нив наскоро ќе бидат повторно дислоцирани. Притоа Ангелов, од име на ЦУК, се заблагодари на сите присутни владини и невладини организации за нивната континуирана работа при што придонесуваат и за поголем квалитет на функционирањето на центарот, што е и од меѓународно значење.
Инаку, при презентирањето на работата и улогата на сите институции во досегашниот период, како и за преземање на конкретни мерки во иднина, секако правецот е постојано за продолжување и унапредување на нормалното функционирање на центарот со цел, пружање на основна и прва помош на мигрантите коишто се во транзитниот центар „Винојуг“. Притоа, секако целокупноста на работа се координира со запазување на сите законски процедури што произлегуваат од прогласената кризна состојба, што е се уште на сила за транзитните центри на јужната граница, а и на северната.