Вести

Одржана 52 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево

На ден 18.04.2024 година се одржа 52 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево. Покрај членовите на РШ на седницата присуствуваа претставници од ТППЕ Кичево, касарна Кичево, ЈП Национални шуми под. ШС Лопушник, МЗШВ ПЕ Кичево, ЈПК Комуналец и ЈП Македонија Пат секција Кичево.

На седницата се дискутираше за намалување на ризикот од појава на пожари со главен акцент на јакнење на подготвеноста на субјектите од СУК за ефективен и брз одговор во случај на појава на пожари на отворен простор со посебен осврт на шумските пожари од поголеми размери.

                Раководителот на РЦУК Кичево Сузана Тасевска во своето излагање истакна дека во изминатиот период имаше пожари низ цела територија на нашата држава и во нашиот регион па се воочија одредени потешкотии во самото справување со пожарите поради повторно обновување на истите. Ја истакна  превенцијата како најважна во целиот процес на заштитата од шумските пожари со цел да имаме што помали загуби од шумското богатство. Како институции мора подобро да се координираме  и да бидеме поподготвени за полесно да се справиме со шумските пожари.

Претставникот од ШС Лопушник истакна дека нивната институција е главен носител во процесот на справување со шумски пожари. На ниво на подружница имаат изработено Годишен оперативен план за заштита од пожари кој е доставен до сите надлежни институции. Во планот се наведени сите човечки и материјално-технички ресурси со кои располагаат. Предвидени се 10 дежурни групи со по 8 вработени. Најголем проблем е што немаат возила за транспорт на вработените и се снаоѓаат со помали возила кои понекогаш тешко се искачуваат до самата локација.

Претставникот на ТППЕ Кичево даде анализа на досегашните пожари на отворен простор и нагласи дека бројките се идентични со пожарите во истиот период од ланската година т.е пожарите се повторуваат во исто време и место секоја година. Често пати се трошат финансии и други ресурси на пожари на отворен простор, а нема никаков ефект поради тоа што истите сторители повторно ги запалуваат. Ја нагласи важноста од контролите од ОВР Кичево во секое населено место, бидејќи минатото покажува дека кога има такви контроли може да има намалување на случени пожари.

Претставникот од Општина Кичево пренесе дека нивните локални институции, ТППЕ Кичево и ЈПК Комуналец се добро опремени и со човечки и материјално технички ресурси. На седница на совет на општина Кичево донесена е и Годишна програма за заштита и спасување и формирани се универзални сили за заштита и спасување.

                Врз основа на дискусиите се донесоа следните заклучоци:

  1. Да се зголеми комуникација и координацијата и во наредниот период да се организираат тимови од членови на штабот со цел превентивни посети со месното население
  2. Апел до локалните медиуми со цел информирање на населението за опасноста од палење на оган на отворен простор

Поврзани објави

ОДЛУКА ЗА ИЗБОР И НЕВРШЕЊЕ ИЗБОР НА КАНДИДАТИ ПО ОСНОВ НА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ 01 09 2023

Web Administrator

АНГЕЛОВ ВО ТРАНЗИТНИОТ ЦЕНТАР „ВИНОЈУГ“ НА ЈУЖНАТА ГРАНИЦА

Cuk Editor

ОТСТРАНЕТА ОПАСНОСТА ОД МОСТ НАДВОЗНИК КАЈ СЕЛО ВОЈНИК, НА ПАТОТ МЕЃУ КУМАНОВО И КРИВА ПАЛАНКА

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе