Пожари

Три активни пожари во општините Градско, Неготино и Ново Село.

Три активни пожари утрово се водат во општините Градско, Неготино и Ново Село.

Воздухопловната поддршка од Хеликоптерската единица од МВР вчера ги изгаснааа опасните краци на двата активни пожари на отворено коишто имаат поголеми размери.

Од рано утрово се ганеше во Општина Градско помеѓу селата Караслари и Црквино, над месност „Венуле“ (нискостеблеста деградирана шума ниска вегетација и дрва) и во Општина Неготино во атарот на с.Пепелиште (ниска вегетација и шума).
Денеска од утрово и армискиот хеликоптер со големо ведро е активиран и започна дејство врз пожарот на планината Серта (Конечка планина). каде што утрово од земја гаснат поголеми сили. Инаку, благодарение на вчерашната одлука на Владата со којашто се надмина повеќемесечниот проблем со пилотите на авионите, се очекува денеска (околу 10.00 часот) да му се придружат и 2 или 3 „ер трактори“ на ДЗС.

Утрово започнува гаснењето и на планинскиот пожар на Огражден, на територијата на Општина Ново Село, во близина на бугарската граница, над селото Бадилен кај месноста . Бидејќи се работи за тешко пристапен терен еден полициски хеликоптер на МВР префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да започнат со гаснење од земја додека полицискиот хеликоптер ќе дејствува од воздух.

Инаку, како помош на ПП екипите се вклучени во координација со општинските кризни штабови и мештани кои добро го знаат теренот, иако е непристапен, и им помагаат на пожарникарите. Дел од нив се и неготинските ловците и ловците од Ново Село Струмичко.

Поврзани објави

Пожар во општина Долнени

Cuk Editor

Состојба со пожарите на отворен простор 30.7.2024

Cuk Editor

Пожари на отворен простор

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе