ЕВН Македонија, известува дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 03.12.2024 година, од 07:00 до 09:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од дел од град Тетово, објекти кои се наоѓаат позади кулата на поплавени, објекти кои се наоѓаат во маало Цетинска (опш.Тетово).
РЦУК – Битола, известува дека преку 112, во 13:08 часот, добиена е пријава за дефект во снабдувањето со електрична енергија во с.Бонче (опш.Прилеп). Од ЕВН КЕЦ Приеп добиена е информација дека ќе испратат екипа со цел да се одстрани дефектот.
ЕВН КЕЦ Прилеп, известува дека на територијата на општина Крушево, поради дефекти без електрична енергија се корисниците од селата Острилци, Арилево, Долно и Горно Дивјаци и Пуста Река. Екипите се на терен и работат во отстранување на дефектите.
РЦУК – Тетово, известува дека од ЕВН КЕЦ Гостивар добиле известување дека екипите на ЕВН во текот на денот ги санирале дефектите за селата Пожаране и Печково. За денес останува екипите на ЕВН, после чистењето на патот кон с.Никифорово, да го регулираат електроснабдувањето и во тоа село.
Без напојување со електрична енергија се и корисниците од селата Горно и Долно Јеловце, Церово, Стретково, Трново, Куново, Железна Река, Страјане, Богдево, Стрезимир и Ничпур. Од страна на ЕВН известиле дека во текот на денешниот ден сите села би добиле напојување со електрична енергија.