ЦУК: ДЕНЕСКА Е ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА ЖЕНСКОТО ЛИЦЕ КОЕ СЕ ФРЛИ ВО ВАРДАР
Регионалниот ЦУК Велес информира дека од Полицијата – СВР Велес добиле информација дека во 12.20 часот денеска, на 02.01.2023 годин во близина на мостот кај с.Кочилари од страна на полициските специјалци од МВР е пронајдено телото на женското лицето кое на 31.12.2022 година (половина час по полноќ) се фрли во водите на р. Вардар од Мало Мовче во централното градско подрачје во Велес. Телото е извлечено на брегот на реката и се чека екипа од СВР Велес за увид на лице место. Потоа, следи процедура за потврда на состојба од лекар и од јавен обвинител.