Кризни ситуации

ЦУК: ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНАТИОТ ОД КРУШЕВО ЌЕ ПРОДОЛЖИ И УТРЕ, КОН ШУМСКИТЕ ПОЈАСИ

Во текот на утрешниот ден, од 09:00 часот, е планирано да продолжи потрагата кон шумските појаси по исчезнатото лице во Крушевско. Регионалниот ЦУК Крушево е во координација со сите екипи од институциите и редовно добива информации.

Потрагата по исчезнатото лице од Крушево трае во континуитет од самото пријавување во МВР во четвртокот, на 22.12.2022 година, но исчезнатото лице се уште не е пронајдено. Во текот на денешниот ден во потрагата учествуваа 15 полициски службеници од ОВР Крушево, 14 војници од АРМ со 1 куче трагач, 7 пожарникари од ТППЕ Крушево, Регионалниот РЦУК Крушево со 4 лица вработени, ПО ДЗС со 3 вработени, екипа од Шумска полиција 2 со 1 возило и околу 20-тина граѓани доброволци. Повторно се пребаруваа сите околни места, шумските појаси, низинските места и селските населени места (колиби, напуштени куќи, штали). Екипите од МВР и ТППЕ Крушево се повлекоа во 15:30 часот, а Армијата се повлече во 17:00 часот.

Поврзани објави

ЦУК: ПОТРАГАТА ПО ЖЕНСКОТО ЛИЦЕ КОЕ СЕ ФРЛИЛО ВО ВАРДАР ПРОДОЛЖУВА ДО ВЛИВОТ НА БАБУНА

Web Administrator

ЦУК: Информација – второ тековно дополнување на информациите за изнаоѓање решение заштитна ограда за безбедност кај провалијата, на Кејот на Вардар во Аеродром во Скопје

Web Administrator

Акцијата за пронаоѓање на исчезнато лице од градот Крушево на возраст од 64 година и денеска продолжува

Web Administrator

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе