ДИРЕКТОР

Web Administrator

Контакт

  • Адреса: “Димче Мирчев” Бр.9 П. Фах 372, 1000 Скопје, Република Македонија

  • Телефон: ++ 389 (0)2 3249-101
  • Фах: +389 (0)2 3136 226
  • е-пошта: kabinet@cuk.gov.mk

 

ПРОФЕСИОНАЛНА БИОГРАФИЈА

2021 –              Директор на Центарот за управување со кризи

2020 –              Член на Управувачкиот комитет за управување со кризи, раководител на Групата за         процена и раководител на Главниот штаб за управување со кризи

2020 – 2021    в.д. Директор на Центарот за управување со кризи

2018 – 2020     Национален координатор за воени и полициски ветерани, Влада на РС Македонија

2018 – 2020     Помошник за безбедност на системи и уреди, Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање на услуги на воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје

2017 – 2018    Државен советник за полициски и криминалистички работи, Министерство за внатрешни работи

2015 – 2016    Заменик лидер на тим и лидер на тим за обезбедување во Ирак

2015                 Лидер на тим за обезбедување на бродови во високо ризични подрачја

2012                 Офицер за безбедност на бродови во високо ризични подрачја

2002 – 2011   Инспектор во криминалистичка полиција, Министерство за внатрешни работи

2002                Вонредно унапреден во полициски чин генерал – мајор

1996 – 2002    Единица за специјални задачи „Тигар“, Министерство за внатрешни работи                     (полицаец, командир на оделение, командир на вод, заменик командант на единицата, учество во борбени операции во кризните региони во вооружениот конфликт во 2001 година)

1995 – 1996    Приправник за полицаец, СВР Штип, Министерство за внатрешни работи

1994                Војник во Воена полиција, АРМ

ЗАВРШЕНО ОБРАЗОВАНИЕ, КУРСЕВИ И ОБУКИ

  • Факултет за безбедност, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје
  • Курс за планински спасители, Матка, Скопје, 1997
  • Основна, напредна и специјалистичка воена и полициска обука (апсење на опасни лица, одржување и воспоставување на нарушен јавер ред и мир, борба со диверзантско-терористички групи, заштита на значајни личности, решавање на заложнички ситуации во објект, автобус, воз и авион, напад на возило), 1996-2000
  • Ракување со различни видови на огнено оружје (пиштол, пушка, автоматска пушка, снајперска пушка, митралез), 1996-2000
  • Курс за специјални операции, Скопје, програма и инструктори од Служба за специјални операции, Генерален директорат за безбедност на Министерство за внатрешни работи на Република Турција, 1999
  • Тактичко качување и спуштање по јаже, Полициски институт „Карл Северинг“, Минстер, Германија, 1998
  • Anti-piracy training, Maritime Defense Force (MDF), Skopje, 2011
  • STCW regulation A-VI/1, Certificate for Basic Training, Personal survival techniques, Elementary First Aid, Fire prevention and fire-fighting, Personal safety and social responsibility, 2012
  • STCW regulation VI/1, Certificate for Familiarization Training, 2012
  • STCW regulation VI/4-1, Certificate for Medical First Aid, 2012
  • SSO (Certificate for Ship Security Officer), 2014
  • SIA License Training, HABC Level 3 Certificate in Close Protection (QCF), Clearwater Special Projects Ltd, Certificate, Skopje, 2014
  • FPOS (First Person on Scene), Intermediate, IBSSA, Skopje, 2014
  • Close Protection – PSD, IBSSA, Skopje, 2014
  • STCW Section A-VI/6.4, Security Awareness Training (SAT), 2014

 

ОПШТЕСТВЕНО-ПОЛИТИЧКИ АКТИВНОСТИ

Во 2007 година го основа Здружението на припадници на безбедносните сили „Достоинство“. Основна цел на „Достоинство“ е решавање на проблемите и остварување на правата на припадниците на македонските безбедносни сили, популарно наречени „бранители“, кои учествуваа во одбраната на Република Македонија во 2001 година од нападот на ОНА (УЧК), со посебен осврт на воените инвалиди и на семејствата на загинатите бранители.

Во април 2011 со поголема група бранители од здружението „Достоинство“ ја формира и застанува на чело на политичката партија „Достоинство“, чиј претседател останува до денес.

Активно учествува во политичкиот и општествениот живот со чести гостувања на политички ТВ дебати и интервјуа, како и дебати и интервјуа од областа на безбедноста и кризниот менаџмент. Активен е и на социјалните мрежи.

 

Зборува англиски и српски јазик.

Активно тренира боречки вештини и боди билдинг.

Хоби му се стрелаштво, планинарење и акваристика.

Оженет, татко на три деца

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе