Пожари

Активни пожари 26.7.2024

РЦУК  Охрид, известува дека шумскиот пожар во атарот на село Тажево крак кон Белица и Јасен – М.Брод  е активен на неколку пресотанати делови. Во текот на денот направени се заседи со градежна машина од ЕЛС – Мак.Брод како заштитен појас . На терен сеуште се присутни 25 лица од единицата ЕБР со 6 сопствени  М/В и 30 војници на АРМ како и командирот на ТППЕ – М.Брод. Во текот на утрешниот денот ангажирани сили за гасење на пожарот беа : 3 пожарникари од ТППЕ-М.Брод со 1 лице од ЕЛС – М.Брод со нивно М/В, 25 припадници на ЕБР-Скопје, 30 припадници на АРМ , 1 лице од ЛС М.Брод, 1 градежна машина, 2 хелихоптери кои направија 25 прелети.

               РЦУК Куманово известува од 19:30 часот на ден 25.07.2024 година има шумско пожар на отворено каде гори ниска вегетација деградирана шума во атар на с.Матејче на Манастирот(Опш.Липково). На терен дејствуват ТППЕ Куманово со 1 ПП возило и 3 пожарникари и едно лице од ЈПНШ подружница – Куманово, инаку пожарот поради лоша конфигурацуја, и теренот е непристапен за гасење дополнително го отежнува истото и намалената видливост поради вечерните часови. Во 21:40 часот ТППЕ Куманово се повлечени додека од ЈПНШ подружница – Куманово ќе дежураат во текот ноќта. Во 07:29 часот од ЈПНШ подружница – Куманово добивме информација дека пожарот не е активен но не се исклучува можноста за повторно активирање на пожарот со покачување на дневните температури.

                РЦУК Штип, известува дека пожарот кој избувна на 12.07.2024 година дека пожарот на Серта над селата Драгоево и Селце кон армискиот полигон Криволак од првичните информации е под контрола. Пожарот е во мирување но поради силниот ветер кој дува од северен правецможе да предизвика проблеми, затоа припадници на АРМ преку целиот ден праваат обиколка ја набљудуваат состојбата на терен. Пожарот е под контрола. Ако има потреба ќе се гаси.

Пожарот на армискиот полигон Криволак при последна обиколка на припадниците на АРСМ, од нивна гледна точкана од околу 1500 метри , во правец на с.Црешка поради силниот ветер што дуваше од северен правец ,приметиле појава на чад, нема забележано пламен.Во текот на нокта ке го надгледуваат за да во утрешниот ден од поблиску да видаат каква е состојбата. Пожарот е под контрола.

Поврзани објави

Пожарот во општина Чешиново – Облешево е локализиран и е ставен под контрола

Cuk Editor

Со воздушна поддршка и со противпожарни сили од земја се дејствува врз двата големи пожара во општините Чашка и Долнени

Cuk Editor

Пожари на отворен простор

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе