Согласно член 38 од Законот за управување со кризи („Службен весник на Република
Македонија“ бр. 29/05, 36/11, 41/14, 104/15, 39/16 и 83/18), член 5, 6, и 20 од Уредба за
знаци за тревожење, начин и процедурите за тревожење и постапките на населението
Службен весник на РМ, бр.217 од 27.11.2018 година, Центар за управување со кризи го
објавува следново:
С О О П Ш Т Е Н И Е
На ден 30.05.2025 година во 12:05 часот на порачјето на Општина Македонска Каменица поради
спорведување на Симулациско командоно штабна показна вежба „Поплава Македонска Каменица 2025 година“ ќе биде извршен тест со вклучување на сирени од системот за тревожење на подрчјето на Општина Македонска Каменица, со знак за опасност од елементарни-природни непогоди и други несреќи.
Знак за опасност од елементарни – природни непогоди и други несреќи се емитува со вклучување на сирените од системите за тревожење во траење од 60 (шеесет) секунди, во комбинација на два еднолични тона по 20 (дваесет) секунди и еден завивачки тон од 20 (дваесет) секунди помеѓу првиот и вториот едноличен тон.
Во 12:45 часот, повртоно ќе биде активиран системот за тревожење со знак за прстанок на опасноста.
Знак за престанок на опасноста се емитува при престанок на ризикот и опасноста со вклучување на
сирените од системите за тревожење со едноличен тон во траење од 60 секунди.
Постапки на населението:
Во случај на опасност од поплава:
– ако лица се најдат во објект, веднаш да се исклучат електричната и водоводната инсталација;
– да се извести веднаш на телефонскиот број за итни повици 112 (Центар за управување со кризи);
– да се земат со себе најнеопходните лични документи, пари, средства за комуникација, соодветни покривки, ќебиња, мобилни телефони, да се засолни најнеопходната покуќнина, прехранбени продукти на повисоките делови од објектот и лицата да се упатат на безбедно – повисоко место;
– да се очекуваат известувања и соопштенија преку јавните медиуми, пораки на телефоните и препораки за постапување;
– ако дождот интензивно паѓа подолго време да бидат подготвени за можна поплава во околината каде живеете.
Да се следат локалните и останати радија и телевизии, нивните соопштенија и препораки, заради информации од можна поплава. Да се подготви вода, храна, лекови, облека и обувки и друга неопходна опрема, заради можна евакуација од местото.
Во случај на опасност од настанување на невреме, обилни дождови, олуја, грмотевици да не се останува на отворен простор. Да се влезе во затворена и безбедна повисока просторија која нема да се поплави или сруши од силното невреме и ветар.
Да се исклучат сите електрични уреди или да се исклучи доводот на електрична енергија. Да се известат во случај на наидување опасност по животот и безбедноста на населението, надлежните служби на бесплатниот телефонски број за итни повици 112 (Бригадата за противпожарна заштита, Итна медицинска помош и Центар за управување со кризи).
При престој на отворен простор да се избегнува засолнување покрај високи стебла, дрва, престој на
отворено, осамени објекти, возење велосипеди, мотори, трактори или слично.
Центар за управување со кризи