На ден 29.05.2025 (четврток), ООЦК Струмица организираше симулациска вежба за евакуација на ученици и вработени во случај на пожар во ООУ ,,Атанас Нивичански” – с. Нова Маала, по барање на училиштето. Вежбата беше изведена во соработка со ТППЕ Струмица, ДЗС Струмица, РЦУК Струмица, ДПД Струмица и СВР Струмица. Волонтери од Клубот на млади при ООЦК Струмица се погрижија за приказот на ,,повредите” и санирањето на истите со пружење на прва помош.



