Вести

Одржана 53 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево

На ден 30.10.2024 година се одржа 53 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево. Покрај членовите на РШ  на седницата  присуствуваа претставници од ЈП Македонија пат секција Кичево,  касарната Кичево, ТППЕ Кичево и ЕВН Македонија КЕЦ Кичево.

На седницата се дискутираше за  подготвеноста на субјектите на локално ниво за справување со ризиците од појава на поплави, интензивни снежни врнежи, снежни наноси и лавини, како и за мерките и преземање мерки за справување во случај на појава на овие видови опасности.

Раководителот на РЦУК Кичево Сузана Тасевска во своето излагање наведе дека Центарот за управување со кризи секогаш делува превентивно  во овој период од годината заради намалување на ризиците од поплави и интензивни снежни врнежи. Истакна дека временските прилики досега се добри, но наша обврска е да бидеме подготвени и да се превземат сите превентивни мерки. Целта на овој состанок е да се разгледа подготвеноста на институциите за престојната зимска сезона за справување со ризиците од поплави и интензивни снежни врнежи со човечки и материјално технички ресурси.

                Членот на штабот од општина Кичево извести дека е донесена Програматата за зимско одржување на патиштата и почната е тендерската постапка за избор на економски оператори за зимско одржување.  Територијата на општината  е поделена на пет дела: Осломеј, Зајас, градско подрачје, Другово и Вранештица.

                Претставникот од ЈП Македонија пат секција Кичево извести дека нивната служба спремнo ја дочекува оваа зимска сезона 2024/2025. Се уште не се донесени Годишниот акционен план  и програма по која што треба да работат. Пункот Пресека  е задолжен за превојот Пресека, на релација од село Другово до Арбиново, а пунктот Кичево е задолжен за патните правци Кичево-Тајмиште, Кичево-Мак.Брод и Кичево-Прострање. Чистењето на патиштата ќе се одвива согласно акциониот план за зимско одржување на регионални и локални патишта. Поради благата зима од предходната година имаат доволна залиха на сол и ризла за попесочување на патиштата. Во однос на механизацијата немаат нови возила и моментално располагаа со по 1 камион на двата пункта.

                Врз основа на дискусиите се донесоа следните заклучоци:

  1. Инспекциските служби од општината да ги посетат критичните места на делот каде се гради автопатот и да предложат на изведувачот да превземе соодветни мерки за санирање на состојбите предизвикани од градежните работи
  2. Работна група од ПО РЦУК – Кичево и Општина Кичево да ги разгледаат местата со бесправно изградени објекти каде има можност за појава на поплавување.

Поврзани објави

Land Rover Defender Hard Top N1 на помош во Центарот за управување со кризи

Cuk Editor

Одлука за избор на кандидати по Интерен оглас број 02/2023 за унапредување на административен службеник во Центар за управување со кризи

Cuk Editor

ПОЗИТИВНА ОЦЕНКА НА ЕК ЗА БРОЈОТ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112 ВО ЦУК

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе