Вести

ОДРЖАНА ПОКАЗНА ВЕЖБА ВО ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ СВЕТИ НИКОЛЕ

За прв пат во Свети Николе се одржа голема показана вежба со симулација на пожар преку координирано учество на сите локални надлежни субјекти

Денеска, 21.05.2025 година се одржа показна вежба со симулација на пожар од електрична инсталација на објектот на училиштето ООУ „Гоце Делчев“ од Свети Николе насловена „ Учиме да се заштитиме – Вежба за безбедно училиште“.

Според сценариото на вежбата, се изврши евакуација на ученици и наставници од училниците и училишната зграда до безбедното собирното место. Вработени од училиштето кои се распоредени по работни задачи дадоа првичен одговор за справување со пожарот, со вадење и поставување на хидрантски црева и со гаснење со ПП апарати на вистински оган поставен во дворот на училиштето.

Првично, директорката на училиштето Сузана Дерменџиева преку јавување на бројот за итни повици 112 при Центарот за управување со кризи беа повикани службите полиција од Полициската станица од општа надлежност Свети Николе кој го обезбедуваше пристапот на објектот. Пожарникарите од ТППЕ Свети Николе каде симулационо извршија гаснење на пожарот, а дел oд тимот од пожарникарите извршија пребарување на објектот за пронаоѓање и спасување на повредени и заробени ученици и истите беа евакуирани на безбедно место, а потоа им беше пружена прва помош од страна на службата за Итна медицинска помош при Здравствениот дом од Свети Николе и од екипите од ОО Црвен Крст Свети Николе.

Целта на оваа показна вежба е да се провери подготвеноста на училиштето за евакуација на учениците и давањето на првичниот одговор за гаснење на пожарот, како и подготвеноста на локалните субјекти од Системот за управување со кризи за справување со вакви состојби.

Носител на вежбата е ООУ „Гоце Делчев“ од Свети Николе, а се изведува во координација со Подрачното одделение на Регионалниот центар за управување со кризи од Свети Николе, со ОВР Свети Николе, ТППЕ пожарна од Свети Николе, ИМП при Здравствен дом Свети Николе, Доброволното противпожарно друштво од Свети Николе, ПО на Дирекцијата за заштита и спасување Свети Николе и ОО на Црвен Крст од Свети Николе.

За прв пат во општина Свети Николе се одржува голема симулациска вежба со пожар и со учество на сите надлежни локални институции. Инаку, секоја година во училиштата во општината се одржуваат обуки за евакуација и гаснење на пожар од страна на ТППЕ Свети Николе.

Поврзани објави

ВО ТЕК СО СОВРЕМЕНОТО СПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАРИТЕ НА ОТВОРЕНО

Cuk Editor

РАБОТНА СРЕДБА НА АНГЕЛОВ СО ПАРТНЕРИТЕ ОД САД ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „РЕГИОНАЛЕН СИСТЕМ ЗА РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊ НА БАЛКАНОТ“ ВО ЦУК

Cuk Editor

Предавање за заштита од пожари во ОУ „ Кузман Јосифоски Питу“ Кичево

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе