Вести

ОТСТРАНЕТА ОПАСНОСТА ОД МОСТ НАДВОЗНИК КАЈ СЕЛО ВОЈНИК, НА ПАТОТ МЕЃУ КУМАНОВО И КРИВА ПАЛАНКА

По укажувањето за опасност од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно добиените дојави од граѓани на Единствениот број за итни случаи 112, е отстранета опасноста од парчињата бетон што висеа на долниот дел од нефункционалниот, а сепак постоечки мост – надвозник кај с. Војник, над прометниот магистрален патен правец Куманово – Крива Паланка (А2). Екипи на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (ЈПОЗМРП), согласно нивните процедури, опсервираа и излегоа на терен и плански ги отстранија опасните парчиња бетон што висеа од по целата должина на мостот и повремено паѓаа на патот.

По извршената работа за отстранување на опасноста, ЈПОЗМРП го извести ЦУК со административно писмо дека е постапено по Решението на ЦУК со задолжение за постапување во определен временски рок, а и со прилог со фото документација на состојбата на мостот-надвозник пред и после нивната интервенција за отстранување на опасноста.

Инаку, опасните бетонски парчиња, а и тие што претставувале потенцијална опасност, биле рачно отстранувани од вработени качени на дигалка, со наизменично затворање на една лена за сообраќај на прометниот магистрален пат, со многу кратки прекини на сообраќајот што безбедно бил регулиран со помош на знаменца и луѓе, а и со вообичаените знаци за работа на пат, од страна на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта ЈПОЗМРП.

Поврзани објави

РАБОТНИ СРЕДБИ ВО ЦУК ЗА КРАЕН ПРИЕМ НА СОФТВЕРОТ ЗА Е 112 ВО ДРЖАВАТА СО ЕВРОПСКИТЕ ИМПЛЕМЕНТАТОРИ

Cuk Editor

Одлука за избор на кандидати по Интерен оглас број 02/2023 за унапредување на административен службеник во Центар за управување со кризи

Cuk Editor

Исправка на Интерен оглас 02/2023

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе