Кризни ситуации

ЦУК: ПОТРАГАТА ПО ЖЕНСКОТО ЛИЦЕ КОЕ СЕ ФРЛИЛО ВО ВАРДАР ПРОДОЛЖУВА ДО ВЛИВОТ НА БАБУНА

Регионалниот ЦУК Велес, од вчера после полноќ е во тек и координира со потрагата по женско лице од с. Сујаклари, кое од Мало Мовче во Велес, во 00.35 часот се фрлило во реката Вардар. На лице место веднаш било барано телото од страна на екипа од 3 пожарникари на ТППЕ Велес и една екипа полицајци од СВР Велес. ЦУК, преку РЦУК Велес, во координација со СВР Велес и ТППЕ Велес има добиено информации дека телото се уште не е пронајдено. Паралелно со итната потрага се известени сите релевантни институции – субјекти во Системот за управување со кризи (СУК). Денеска (31.12.2022 година), од утрото потрагата продолжила, при што се вклучени 6 пожарникари од ТППЕ Велес и 9 полицајци од СВР Велес. Се пребарува теренот низводно до вливот на реката Бабуна во реката Вардар. Телото на женското лице од с. Сујаклари коешто од Мало Мовче се фрлила во реката Вардар се уште не е пронајдено, според досегашните информации пристигнати во ЦУК од вклучените субјекти во потрагата.

Поврзани објави

Потрагата по исчезнатото лице во Крушевско продолжи и денеска

Web Administrator

Симулациони вежби и обуки за одговор при катастрофи и елементарни непогоди во основните училишта во Струмичкиот регион

Web Administrator

ЦУК: ВО ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНАТИОТ ВО КРУШЕВСКО ДЕНЕСКА СЕ ВКЛУЧУВА И АРМИЈАТА

Web Administrator

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе