Вчера, директорот Стојанче Ангелов и заменик директорот Екрем Зендели на ЦУК присуствуваа во Струмица на настани поврзани со превентивната заштита од пожари на отворен простор заедно со националните партнери во проектот Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, како и вработените во РЦУК Струмица и други институции.
Конкретно, континуитет за прекугранична соработка со Република Грција за подобрување на ефикасно и рано откривање на шумски пожари, со зголемена прецизност, намалување ниски стапки на лажни аларми и способност за 24/7 работа, се конкретизираше со примопредавање на возило, дел современа опрема, а и обука за техничките средства, конкретно и на дроновите.
Дел од опремата и обуката е предвидено да бидат доделени на пожарникарите општините Струмица, Радовиш и Гевгелија, од реализација на Проект за ефикасно откривање и управување со шумски пожари со цел зголемување на подготвеноста и размена на практики со Грција („еФИДАР“ – eFIDAR) со финансиска помош од Програмата (ИНТЕРРЕГ ИПА) за прекугранична соработка помеѓу Република Грција – Република Северна Македонија, 2014-2020. Возилото беше предадено на РЦУК Струмица.
Инаку, Командниот центар во Регионалниот ЦУК Струмица се засилува заради ефикасно рано откривање на шумски пожари, со зголемена прецизност, намалување ниски стапки на лажни аларми и способност за 24/7 работа што ќе го покаже потенцијалот на ваквата иновативна технологија којашто ќе придонесе кон рано предупредување за ризик од катастрофи од шумски пожари.