Вести

Континуитет за прекугранична соработка за подобрување на ефикасно и рано откривање на шумски пожари, со зголемена прецизност, намалување ниски стапки на лажни аларми и способност за 24/7 работа

Денеска (09.11.2023), во дворот на Регионалниот ЦУК Струмица, во присуство на директорот на ЦУК, заменик Директорот, националните партнери во проектот Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, како и вработените во РЦУК Струмица, се изврши примопредавање на возило „форд куга ести екс лајн“ (FORD KUGA ST X LINE) со ИКТ опрема за ноќни операции добиено од реализација на Проект за ефикасно откривање и управување со шумски пожари со цел зголемување на подготвеноста и размена на практики со Грција („еФИДАР“ – eFIDAR)

Конкретно, преку реализирање на проектот за рано откривање на пожари и нивно движење за превенција и справување со катастрофи („еФИДАР“ – eFIDAR), со финансиска помош од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција – Република Северна Македонија, 2014-2020, се изврши примопредавање на набавеното теренско возило „форд куга ести екс лајн“ (FORD KUGA ST X LINE), со ИКТ опрема за ноќни операции.

Основната цел на ова возило а врз основа на надлежностите и задачите како и следење на состојбите со пожари возилото преку „џи пи ес“ (GPS – ГПС), е планирано да биде поврзано со дроновите и Командниот центар во Струмица заради ефикасно рано откривање на шумски пожари, со зголемена прецизност, намалување ниски стапки на лажни аларми и способност за 24/7 работа што ќе го покаже потенцијалот на ваквата иновативна технологија којашто ќе придонесе кон рано предупредување за ризик од катастрофи од шумски пожари.

Поврзани објави

Работна посета на претставници од министерствата за одбрана на Словенија и Македонија

Cuk Editor

Превентивни активности за заштита од пожари на Регионалниот штаб за управување со кризи Свети Николе

Cuk Editor

Градење на Регионални капацитети за управување со ризикот со пожари на отворен простор во Западен Балкан

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе