Вести

Предавање за заштита од пожари во ОУ „ Кузман Јосифоски Питу“ Кичево

Во рамките на своите  активности за намалување на ризиците од природни несреќи и катастрофи,  на ден 08.04.2025 година во ОУ „ Кузман Јосифоски Питу “ Кичево  ПО РЦУК Кичево реализира предавања на тема „Постапки на населението при елементарни непогоди“.

                Пред почетокот на предавањeто  Раководителот на ПО РЦУК Кичево Сузана Тасевска  даде вовед на темата со истакнување на досегашната одлична соработка спроведувајки вакви предавањано со други видови на опасности и ризици. Раководителот ги запозна учениците со  тактичко показни вежби за справување со пожари  и евакуација на учениците, персоналот и сите затекнати луѓе во училиштата ОСУ Мирко Милески Кичево и  ОУ Санде Штерјоски.

                Предавањето го спроведе советникот  Љупче Софрониевски со помош на помладиот соработник Мурат Зенку преку презентација изработена за оваа намена. Предавањето се спроведе со  интерактивен пристап, со  активно учество на присутните  ученици.  Посебна цел на предавањето  беше учениците да се заинтересираат за истражување на опасностите предизвикани од пожарите во урбаните средини и со постапките за справување со истите, со користење на интернет и други извори.

                За време на предавањето се презентираа постапките наведени во Уредбата  за знаците за тревожење, начинот и процедурите за тревожење и постапките на населението, едукативни материјали од Противпожарниот сојуз на Македонија, како и едукативни видео материјали од Службата за интегрална сигурност на студентскиот центар од Риека, од проектот за намалување на ризици од природни несреќи на Република Србија и од училиштата од округот Паско од Флорида.

Поврзани објави

Континуитет за прекугранична соработка за подобрување на ефикасно и рано откривање на шумски пожари, со зголемена прецизност, намалување ниски стапки на лажни аларми и способност за 24/7 работа

Cuk Editor

Втор Регионален семинар во рамките на “Проектот за градење на капацитети за екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи (Eco-DRR)” поддржан од Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија – JICA

Cuk Editor

ПОТПИШУВАЊЕ ФИНАЛЕН ПРИЕМ НА СОФТВЕРОТ ЗА Е 112 ВО ЦУК

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе