Вести

Одржана 54 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево

На ден 23.04.2025 година се одржа 54 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево. Покрај членовите на РШ на седницата присуствуваа претставници од ТППЕ Кичево, касарна Кичево, ЈП Национални шуми под. ШС Лопушник, МЗШВ ПЕ Кичево, ЈКП Комуналец, ловно  друштво ЗЛСРР Елен, ДПД Кичево, ДПД Зора, ЈП за пасишта и планинарско друштво “Ендорфин”.

                На седницата се дискутираше за подготвеност на субјектите на локално ниво, мерки и активности за превенција и справување со опасноста од шумски и пожари на отворен простор.

                Раководителот на РЦУК Кичево Сузана Тасевска во своето излагање истакна дека до овој период од годината имаме зголемен број на пожари на отворен простор. И покрај заладувањето на времето сигурно во идниот период според прогнозите не очекува топло време со голем број потенцијални пожари. Како институции мора подобро да се припремиме  и да бидеме поподготвени за полесно да се справиме со шумските пожари.

                Претставникот од ШС Лопушник истакна дека нивната институција е главен носител во процесот на справување со шумски пожари. На ниво на подружница имаат изработено Годишен оперативен план за заштита од пожари кој е доставен до РЦУК Кичево и другите институции. Располагаат  со 50 вработени кои се распоредени во екипи обучени за гасење на пожари.

Претставникот на ТППЕ Кичево даде анализа на досегашните пожари на отворен простор и нагласи дека бројките се идентични со пожарите во истиот период од ланската година т.е пожарите се повторуваат во исто време и место секоја година. Често пати се трошат финансии и други ресурси на пожари на отворен простор, а нема никаков ефект поради тоа што истите сторители повторно ги запалуваат. Ја нагласи важноста од контролите од ОВР Кичево во секое населено место.

                 Претставникот од Општина Кичево пренесе дека Општината во делот на заштита и спасување има изработено два планови за заштита и спасување со посебен акцент на пожарите. Тие функционираат според Програма за активностите на Општина Кичево во областа на заштитата и спасувањето на граѓаните и материјалните добра од природни непогоди и други несреќи како и ревитализација по елиминирање на криза за 2025 година и Програма за заштита и спасување од пожари. Исто така предвиденени се финанскиски средства  од Општината за исплата  на доброволци при нивно ангажирање во гасење на пожари.

 Врз основа на дискусиите се донесоа следните заклучоци:

  1. Членовите на РШ да бидат во постојана координација и во наредниот период да се организираат тимови од членови на штабот со цел превентивни средби со месното население.
  2. Општината Кичево да контактира со месното население заради информирање за опасноста од палење на оган на отворен простор и да достави апел преку локалните медиуми
  3. Да се засили контролата од шумско-чуварските служби и полициските службеници на местата каде секоја година се случуваат пожари.
  4. Институциите од Системот за управување со кризи да се придржуваат и да ги реализираат своите оперативни планови за работа и проценки за заштита од пожари на отворено место.
  5. ШС Лопушник Кичево, ПО ДЗС Кичево и ТППЕ Кичево да достават барања до предметно-надлежните институции за итна набавка на  најнеопходните  МТС за гасење на шумски пожари и пожари на отворен простор.
  6. ЈП за стопанисување со пасишта да ги извести лицата концесионери на државни земјишта дека е забрането палење на пасиштата заради правење обработливи површини.

Поврзани објави

Одржани предавања со образовните институции за превенција од елементарни непогоди во општина Кичево     

Cuk Editor

Опремување и обука за рано предупредување за ризик од катастрофи од шумски пожари преку проекти за прекугранична соработка

Cuk Editor

РЦУК Кичево организира успешна акција за дарување крв по повод 18 години од формирањето на ЦУК

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе