Вести

РАБОТНА СРЕДБА НА АНГЕЛОВ СО ПАРТНЕРИТЕ ОД САД ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „РЕГИОНАЛЕН СИСТЕМ ЗА РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊ НА БАЛКАНОТ“ ВО ЦУК

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, имаше работна средба со партнерите од Соединетите Американски Држави (САД), високи претставници на Шумската служба и од Центарот за катастрофи на Пацификот на САД за реализирање проектни активности во рамки на на проектот „Регионален систем за рано предупредување на Балканот“.

Истовремено во ЦУК се реализира и спроведувањето на Корисничка дводневна обука за подготвеност за катастрофи (DisasterAWARE). Тоа е обука за работа и на дел од субјектите во системот за управување со кризи на нашата држава, со апликацијата за мониторинг на ризици и опасности, рано предупредување и поддршка при донесување одлуки.

Обуката во Република Северна Македонија ја реализираат обучувачи од Шумската служба и од Центарот за катастрофи на Пацификот на САД. Учесници на обуката, покрај од Центарот за управување за кризи, се од Дирекцијата за заштита и спасување, Управата за хидрометеоролошки работи, Агенцијата за катастар на недвижности, Државниот завод за статистика, Геолошкиот завод, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија

Поврзани објави

Одлуки за избор на кандидат по Интерен оглас број 01/2023 за унапредување на административен службеник во Центар за управување со кризи

Cuk Editor

Регионален штаб Свети Николе: Утврдена подготвеноста на институциите за справување со опасноста од снежни наноси и зимско одржување на патиштата

Web Administrator

Директорот на ЦУК, г-дин Стојанче Ангелов додели Благодарница на г-дин Козу Хиројуки, Експерт на Јапонската агенција за меѓународна соработка- ЈИЦА

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе