Вести

Kоординативен состанок за подготовка и согледување на реалните податоци за ресурсите и за можностите на институциите за борба против пожарите на отворен простор

На иницијатива на Центарот за управување со кризи, во рамките на организираното координирање за превенција и рано предупредување, односно за намалување на ризикот од појавата на пожари на отворен простор, под раководство на директорот Стојанче Ангелов, се одржа координативен состанок во ЦУК со институциите во државата, а пред „сезоната“ на пожари во претстојниот потопол и посушен дел од годината. Состанокот во ЦУК, Ангелов го насочи во стратегиската насока за согледување на реалните податоци за ресурсите и за можностите на институциите што оперативно би биле корисни за сеопфатен одговор против пожарите на отворено, во интерес на безбедноста на граѓаните, а и на материјалните добра на државата.

Практично, заради зголемена потреба од соработка и комуникација меѓу институциите во врска со претстојниот период на можни пожари на отворен простор, тема на состанокот беше : „Комуникација, координација и соработка со субјектите од системот за управување со кризи во делот на превенцијата, раното предупредување како и справувањето со пожарите на отворен простор за 2023 година“. На состанокот присуствуваа претставници од : Министерство за одбрана, Генералштаб на Армијата, Министерство за внатрешни работи, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈП „Национални шуми“, Дирекција за заштита и спасување, Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта, ЈП за железничка инфраструктура, ЈП за стопанисување со пасишта и Шумска полиција.

Координацијата за согледување на реалните капацитети и можности на институциите – субјектите коишто учествуваат во сите фази на справувањето со пожарите се одвиваше во насока на согледување на повеќе работи. Конкретно, евидентна е потребата од итно и навремено известување и комуникација и координација, а со тоа и потребата од подигнување на готовноста на субјектите што претставуваат важен сегмент во навременото реагирање, односно рано предупредување, преземање на мерки и активности за настанати ризици и опасности. Реалната слика на постоечките капацитети и ресурси на сите институции во однос на веќе изготвените оперативни планови за дејствување е нужна потреба при носење на одлуки за ангажирање на дополнителни Национални ресурси при ескалации и пообемно справување со таков тип на ризик – опасност. Обуките и опремувањето треба да бидат врвен и континуиран процес на институционалните потреби и активности, јакнење и зголемување на капацитетите на сегментот Доброволни противпожарни друштва и нивен сеопфатен ангажман.

Тоа е еден од клучните елементи во справувањето со пожари на отворен простор од пошироки размери – шумските пожари, бидејќи бројот на високообучените професионални пожарникари, поради природен одлив, во континуитет се намалува, а млади кадри не се примаат доволно, согласно буџетите на локалните самоуправи што не дозволуваат брзо пополнување на веќе испразнетите единици, а и опремувањето и обуката се, исто така, зависни од можноста за финансирање од ЕЛС.
Од присутните претставници на институциите на координацијата се потенцираа проблемите и недостатоците со кои се соочуваат субјектите со пожарите на отворен простор и коишто се уште не се надминати или за истите не е изнајдено соодветно решение подолг период. Информациите од институциите укажуваа на фактичката состојба, приоритетите и потребите, а истовремено се предлагаа мислења, сугестии во однос на подобрување на состојбите во однос на превенцијата, раното предупредување (раната дојава) и справувањето со пожарите. На состанокот присутните искажаа институционална согласност за взаемна поддршка во однос на заедничко дејствување за справување со ризиците и опасностите предизвикани од шумските пожари.

Поврзани објави

Одржана 49 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево

Web Administrator

Land Rover Defender Hard Top N1 на помош во Центарот за управување со кризи

Cuk Editor

Одржана 52 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе