Вести

Седница на Регионалниот штаб за управување со кризи-Струмица

На ден 14.12.202 година  со почеток во 10.00 часот во просториите на дом на АРМ -Струмица се одржа редовна седница на Регионалниот штаб за  2022 година.   На седницата присуствуваа претставници од РЦУК-Струмица, ЕЛС Струмица,Василево,Босилово, Ново Село, ЈПКД Огражден-Босилово, ЈКП Комуна Ново Село,ТППЕ-Струмица, ЈЗУ Општа болница-Струмица, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Струмица,МВР-СВР-Струмица,ВС на РМ Подружница „ Струмичко поле “ Струмица, Агенција за храна и ветеринарство ПЕ Стумица, ДЗС-Струмица,ОО Црвен крст-Струмица,ПШС Беласица-Струмица,ЈП Македонија пат-Струмица, Министерство за одбрана-ОО Струмица)

                 На седницата се работеше по следниот дневен  ред.:

  1. Информација за состојба со речните корита и  акумулациите во надлежност на ВС“Струмичко Поле“-Струмица
  2. Информација за исправноста на водата за пиење во Струмичкиот регион.
  3. Информација за состојбата со заразните болести на животните во Струмичкиот регион.
  4. Подготвеност на ЕЛС Струмица, Василево Босилово, Ново Село , ЈПКД во општините и ЈП Македонија пат-Струмица за спроведување на Програмата за одржување на улиците, магистралните, регионалните и локалните патишта во општините во зимски услови за 2022/2023 година
  5. Информирање на присутните за функционирањето на бројот за итни повици 112 на територијата која ја покрива ПО РКОА РЦУК-Струмица.

 

На седницата се донесоа следните  заклучоци:

  1. Приоритет при чистење и одржување на патните правци ,да им се даде на правците кои водат до медицинските установи, школите,ТППЕ , органите на државната управа и ЕЛС, како и планинските села кај кои постои можност за отсеченост и тоа селата Мемешли, Дорломбос, Орманли (општина Струмица) Висока Маала (општинаВасилево), Барбарово, Бадилен и Стиник (општина Ново Село).
  2. Се задолжуваат сите субјекти учесници во Системот за управување со кризи да ја зголемат меѓусебната комуникација и координација со цел поефикасно справување во зимски вонредни услови,доследно да ги почитуваат законските надлежности, и да се придржуваат на усвоените Оперативни планови за дејствување при екстремни зимски вонредни услови.
  3. Се задолжуваат сите здравствени јавни установи редовно да ја следат ситуацијата околу здравствената состојба на населението и редовно да информираат за состојбата.
  4. Се задолжуваат институции кои се опфатени со Акциониот план за превенирање на штетните влијанија и последиците од студеното време и студените бранови врз здравјето на населенито во РМ да ги превземат сите соодветни активности и мерки кои се определени според фазите од системот за ранопредупредување и алерт во зимскиот период.
  5. Се задолжуваат ЕЛС И ЈПКД да определат места за закопување на заболени-заразени животни и декларираат човечки и материјални ресурси при евентуална појава на болеста Африканска свинска чума кај свињите во регионот според препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Поврзани објави

Регионален штаб Свети Николе: Утврдена подготвеноста на институциите за справување со опасноста од снежни наноси и зимско одржување на патиштата

Web Administrator

Oдржана седница на Регионален штаб на ПО-РЦУК Прилеп

Web Administrator

Одржана 49 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево

Web Administrator

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе