Вести

ПОТПИШУВАЊЕ ФИНАЛЕН ПРИЕМ НА СОФТВЕРОТ ЗА Е 112 ВО ЦУК

Денеска во Центарот за управување со кризи (ЦУК), после повеќедневните работни средби со претставници на Европската Унија и на странските фирми имплементатори на Европскиот проект за воспоставување на телефонскиот број за итни повици Е-112 во нашата држава, на коишто учествуваше и раководеше и директорот Стојанче Ангелов, беше потпишан финален прием на софтверот за Системот за итни повици Е 112 во ЦУК. Со денешното потпишување на финалното прифаќање на системот за итни повици Е-112, нашата земја доби систем за итни повици, случаи, што е технички и технолошки еден од најнапредните во моментот во Европа. Системот е целосно базиран на „интернет протокол“ (IP) технологијата и е поврзан со сите сервиси и интерконекции со операторите и другите предвидени институции од Системот за управување со кризи (МВР, ИМП и ПП службите). Во Системот 112 се развиени и се имплементирани најнапредни локациски сервиси на повикот, директно во соработка со „Гогл“ (Google), „Епл“ (Apple) и телеком операторите во државата. Исто така, е активиран и сервисот „и-кол“ (e-call), односно во случај на сообраќајна несреќа, автомобилите што имаат такви уреди, автоматски се поврзуваат – го бираат бројот 112, со барање за помош и ја преќаат локацијата на возилото на Системот 112. Оваа услуга за таков „и-кол“ повик е задолжителна во земјите на Европската Унија од 2018 година. Од страна на ЦУК финалниот прием го потпиша директорот Стојанче Ангелов, од страна на ЕУ делегација г-ѓа Даница Стошевска, а од страна на фирмата имплементатор „Бета 80“, Лука Роберто Бергонзи. Инаку, работните средби во ЦУК, почнаа на 21.02.2023 година, со високи европски претставници на фирмите имплементатори на овој Европски проект во нашата држава заедно со директорот, раководството на Секторот Е 112 и државни советници во ЦУК и траеја до денеска 24 февруари. Големиот европски проект, преточен во дело, „Е – 112“ во ЦУК, при ова едногодишно функционирање се надоградуваше „во движење“, согласно потребите и можностите, а со голема поддршка на Владата и на Европската Унија.

Поврзани објави

ВО ТЕК СО СОВРЕМЕНОТО СПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАРИТЕ НА ОТВОРЕНО

Cuk Editor

Успешна завршница за реализација на решенија за намалување на ризици од катастрофи („Еко-ДРР“) што се имплементира со поддршка на јапонската ЈИЦА

Cuk Editor

Одржани предавања со образовните институции за превенција од елементарни непогоди во општина Кичево     

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе