Вести

Одржани состаноци со образовните институции за превенција од елементарни непогоди на подрачјето нa општина Кичево     

Во изминатиот период, во рамките на активностите за превенција и рано предупредување кои што ги презема ПО РЦУК Кичево и согласно оперативно-планските работи за ажурирање на регистер на ресурси  (човечки и материјално технички) во соработка со субјектите од СУК на регионално и локално нивo  беа одржани повеќе работни состаноци на Раководителот на ПО РЦУК Кичево, Сузана Тасевска и вработените во ПО РЦУК Кичево со дел од управата на воспитно-образовните институции во градското подрачје на општина Кичево. Беа одржани работни состаноци со директорите на општинските средни установи „Мирко Милески“  и  „Дрита“, директорите на основните училишта „Кузман Јосифоски Питу“, „Санде Штерјоски“ и „Д-р Владимир Полежиноски“.

Средбите продолжија со одржан состанок со деканите на високо образовните институции  на подрачјето на општина Кичево, универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, Правен факултет Кичево  и Техничко-технолошки факултет Велес, дисперзирани студии Кичево и ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево. На состанокот со Општина Кичево беше дискутирано и за подобрување на работата на РШ на РЦУК Кичево со новиот член од Општината.

Целта  на состаноците беше да се продолжи со одличната комуникациja и соработка со институциите кои функционираат на подрачјето на општина Кичево и да се утврди поддршката  што може да се добие од истите во процесот на ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на општина Кичево.  Од раководните лица на субјектите беше побарано РЦУК Кичево да одржи посебни презентации со наставниот кадар и учениците за запознавање со постапките на населението во случај на појава на ризици и опасности на подрачјето на општина Кичево.

Истотака на состаноците беше истакнато задоволството од страна на РЦУК Кичево и од страна на  институциите за досегашната успешна меѓусебна соработка и постигнати резултати.

Средбите беа искористени и за продолжување на постапката за ажурирање на податоците од субјектите во базата за  инвенторизација  на објекти и инфраструктура и базата на податоци за ресурси.

Поврзани објави

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов во седиштето на НАТО во Брисел, на состаноци за креирање на национална политика во делот на градењето отпорност

Cuk Editor

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ЦУК – ЗА СИТУАЦИЈА СО МЕЧКИТЕ

Cuk Editor

ПОЗИТИВНА ОЦЕНКА НА ЕК ЗА БРОЈОТ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112 ВО ЦУК

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе