Пожари

Пожари на отворен простор

Активни пожари има во:

  • Општина Македонски Брод, високо над с.Белица, во месноста „Аргулица“ под Солунска Глава на непристапен терен (каде што гори борова шума);
  • Општина Штип, пожарот на планината Серта, атар на село Селце e изгаснат.
  • Пожарот во атарите на селата Калапетровци и Кошево се уште е активен. На терен во моментов се присутни 5 пожарникари од ТППЕ-Штип и 4 вработени од ШС Серта-Штип. Уште една екипа од ТППЕ-Штип е упатена на местото на пожарот.
  • Општина Крушево, кај селата Света и Бирино (дабова шума);
  • Општина Чашка, месност „Горна и Долна Бабина Дупка“ (нискостеблеста шума);
  • Општина Валандово, с.Пирава, месност „Бел Камен“ (ниска вегетација) и во
  • Општина Струмица, кај с.Габрово (каде што горела ниска вегетација).

Утрово има известување за четири нови пожари во Скопско (два во Општина Ѓорче Петров и по еден во општините Петровец и Шуто Oризари – каде што се запалени отпадоци).

Вчера на дел од пожарите што загрозуваа села, се дејствуваше и со два противпожарни авион на ДЗС и со еден хеликоптер на МВР, а некаде покрај ПП тимови во одбрана на селата се вклучи и месно население, како на пример во Демирхисарско.

Поврзани објави

Пожари на отворен простор

Cuk Editor

Активни пожари 12.09.2023

Cuk Editor

Изминатото деноноќие 21 пожар на отворено, четири се уште активни

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе