Кризни ситуации

Симулациони вежби и обуки за одговор при катастрофи и елементарни непогоди во основните училишта во Струмичкиот регион

Во периодот од Октомври -Декември се одржаа низа симулациони вежби и обуки со наставниот кадар и учениците за подготвеност за дејствување при катастрофи и елементарни непогоди, односно при земјотрес, пожар и поплава каде учество зедоа околу 2500-3000 ученици и околу 350-400 вработени од прво до деветто одделение. Беа посетени ООУ„Атанас Нивичански “-с.Нова Маала, ООУ „Гоце Делчев“ – с. Василево во општина Василево, во општина Струмица ООУ „Герас Цунев“ – с. Просениково, СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица, ООУ „Маршал Тито“ – Струмица, ООУ „Даме Груев“ – с. Куклиш, ПОУ „Даме Груев“-с. Костурино, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ -с. Дабиле.

Со извршените обуки и вежбовните активности кои се спроведуваат во соработка со РЦУК Струмица, Црвен крст Струмица, и ДЗС Струмица, се постигнува целта да вработените и учениците бидат запознати со процедурите за постапување при вакви непогоди, а со тоа да се намалат последиците и жртвите од можни непогоди. Исто така беше промовиран и бројот за итни повици Е-112.

Во наредниот период овие активности се планирани да продолжат и во другите основни и средни училишта во Струмичкиот регион.

Поврзани објави

ЦУК: ПОТРАГАТА ПРОДОЛЖУВА ПО ЖЕНСКОТО ЛИЦЕ КОЕ СЕ ФРЛИЛО ВО ВАРДАР ВО ВЕЛЕС

Web Administrator

Акцијата за пронаоѓање на исчезнато лице од градот Крушево на возраст од 64 година и денеска продолжува

Web Administrator

Потрагата по исчезнатото лице во Крушевско продолжи и денеска

Web Administrator

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе