Сервисни информации

Почувствуван земјотрес во Штипско

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава 12.04.2023 година регистрираше два земјотреса 70 km југоисточно од Скопје, кои потекнуваат од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресите се случија во 3 часот и 24 минути и 4 часот и 11 минути со соодветни Рихтерови локални магнитуди ML3.0 и ML2.1, и интензитети III-IV и  II-III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресите беа почувствувани од населението во Штип и околината.

Поврзани објави

Крводарителни акции

Cuk Editor

Електроснабдување

Cuk Editor

Електроснабдување

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе