Вести

Состанок во ЦУК на Националното координативно тело за имплементација на барањата на НАТО

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа состанок на Националното координативно тело за имплементација на барањата на НАТО во делот Градење отпорност, Цивилна подготвеност и Седум основни побарувања на НАТО.

Состанокот го водеше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, којшто истовремено е политички директор и висок претставник на Република Северна Македонија во Комитетот за отпорност на НАТО.

На состанокот, вчера попладне (12.09.2023 година), покрај претставниците на ЦУК, присуствуваа претставници на повеќе институции од Системот за управување со кризи (СУК), во својство на номинирани членови и заменици членови во Националното координативно тело.

За време на состанокот учесниците имаа можност да информираат за досегашниот придонес и истовремено да дадат конструктивни предлози и идеи за поефикасно работење на меѓуресорската работна група.

Поврзани објави

Континуитет за прекугранична соработка за подобрување на ефикасно и рано откривање на шумски пожари, со зголемена прецизност, намалување ниски стапки на лажни аларми и способност за 24/7 работа

Cuk Editor

Седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК

Cuk Editor

Јавен оглас бр. 03/2025

Web Administrator

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе