Вести

РЦУК Кичево организира успешна акција за дарување крв по повод 18 години од формирањето на ЦУК

На ден 03.10.2023 година, РЦУК Кичево традиционално организираше крводарителна акција по повод 18 години од формирањето на ЦУК во просториите на Институтот за трансфузиона медицина – Кичево.

Оваа акција се спроведува 11-та година по ред во соработка со ОО Црвен Крст – Кичево и Институтот за трансфузиона медицина Кичево и беше отворена за сите граѓани кои сакаат да помогнат да се спаси нечиј човечки живот. Во крводарителната акција покрај учеството на вработени од РЦУК Кичево, се вклучија и голем број на вработени од различни инстиуции како РЕК Осломеј, ТППЕ Кичево, ДЗС ПО Кичево, вработени од приватниот сектор и невработени крводарители.   Вкупно се собраа 20 единици крв од сите крвни групи, а три лица за првпат се запишаа во регистарот на крводарители, со што акцијата беше успешно завршена.

Вкупно осум вработени од ПО РЦУК Кичево земаа учество во крводарителната акција, а исто така активно учествуваа и во делот на приемот на дарителите и други активности како  помош на вработените во ИТМ Кичево.

Поврзани објави

РАБОТНА СРЕДБА НА АНГЕЛОВ СО ПАРТНЕРИТЕ ОД САД ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „РЕГИОНАЛЕН СИСТЕМ ЗА РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊ НА БАЛКАНОТ“ ВО ЦУК

Cuk Editor

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов во седиштето на НАТО во Брисел, на состаноци за креирање на национална политика во делот на градењето отпорност

Cuk Editor

Директорот на ЦУК, г-дин Стојанче Ангелов додели Благодарница на г-дин Козу Хиројуки, Експерт на Јапонската агенција за меѓународна соработка- ЈИЦА

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе