Вести

ВО ТЕК СО СОВРЕМЕНОТО СПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАРИТЕ НА ОТВОРЕНО

Денеска, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов учествуваше на презентација и отворена средба за можностите што ги нуди сервисниот сателитски систем за рано откривање, надѕор во реално време и за анализа на пожарите на отворено на германската компанија ,,Орора тех” од Минхен. Патформата работи на начин што преку 25 сателите се добивале податоци коишто со други методи не можеле да се добијат толку брзо и со таков квалитет и прецизност по време, простор, обем, брзина и на ширење, а и создавањето нови жаришта до главниот, најголем пожар.

Сателитските податоци за конкретни пожари можат да се добијат во реално време на мобилен телефон, таблет, компјутер. На многу противпожарни служби и институции од кризниот менаџмент, главен извор на информации за рано откривање веќе претставувал овој сателитски сервис.

На настанот присуствуваа претставници на повеќе институции од Системот за управување со кризи (СУК).

Поврзани објави

Land Rover Defender Hard Top N1 на помош во Центарот за управување со кризи

Cuk Editor

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов гостуваше во „Дневник 2“ на Македонската Радио Телевизија на тема Пожари

Cuk Editor

ПОЗИТИВНА ОЦЕНКА НА ЕК ЗА БРОЈОТ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112 ВО ЦУК

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе