Вести

Работилница во рамките на Иницијативата за безбедност од пролиферација

Директорот на Центарот за управување со кризи, Г-дин Стојанче Ангелов присуствуваше на отварањето на Работилница во рамките на “Иницијативата за безбедност од пролиферација (Proliferation Safety Initiative – PSI)” во Скопје, настан кој е заеднички организиран од владите на Република С.Македонија и Соединетите Американски Држави во рамките на заедничките напори насочени кон почитување на “Изјавата за принципите за забрана”, во врска со предизвиците што ги наметнува ширењето на оружјето за масовно уништување (ОМУ).

Иницијативата за безбедност од пролиферацијата е глобален напор кој има за цел да ја запре трговијата со оружје за масовно уништување, системите за нивна испорака и сродни материјали, до и од државни и недржавни актери.

Кога една земја ја прифаќа Иницијативата за безбедност од пролиферација (PSI), таа ја поддржува Изјавата на PSI за принципите за забрана, со што земјите имаат за цел да  воспостават покоординирана и поефективна основа со која ќе се попречи и ќе се запре ширењето на ОМУ.

Во тој контекст земјите се обврзуваат на:

  • Забрана на трансферите до и од државите и недржавните актери кои се однесуваат на ширењето на оружјето
  • Јакнење на степенот на нивните капацитети, способности и правни овластувања
  • Развивање на процедури за да се олесни размената на информации со други земји
  • Зајакнување на националните правни власти за да се олесни забраната
  • Преземање конкретни активности за поддршка на напорите за забрана

Досега 107 земји го поддржаа PSI и споделуваат длабока загриженост дека ОМУ, нивната испорака, системи и сродни материјали би можеле да паднат во рацете на државни и недржавни елемнти кои потенцијално би можеле да ги злоупотребат. Сите овие земји ги поддржаа напорите PSI да биде флексибилна, доброволна иницијатива насочена кон подобрување на способностите на индивидуалните и колективните нации партнери да преземат соодветни и навремени активности за да се преземат брзи и навремени реакции во  ситуации кои вклучуваат закани за ширење.

Во текот на овие три дена, работилницата ќе помогне во промовирањето на регионалното разбирање и посветеноста на почитувањето на PSI Изјавата за принципите за забрана, додека се обидува да ги постигне следните главни цели:

  • Промовирање на интероперабилноста на контрапролиферацијата во регионот
  • Промовирање на регионално разбирање и посветеност на почитување на PSI Изјавата за Принципите за забрана
  • Увежбување на можности за проверка и идентификување на сомнителни пратки за профилерација
  • Разбирање на тоа како специфичните санкции поврзани со пролиферацијата  може да се користат за да се олесни инспекцијата и задржувањето на стоката
  • Промовирање на свеста на земјите-учеснички за регионалните трендови на пролиферација на оружје

Оваа работилница за PSI се состои од споделување презентации од меѓуагенциската и регионалната соработка на полето на контрапролиферација, дискусии и симулирани вежби базирани на сценарија. Сценаријата се развиени за да се разјаснат стратегиските и политичките концепти на PSI и да се постигнат горенаведените цели. 

            На оваа Работилница свое учество ќе земат претставници од повеќе релевантни институции од САД, Европа и националните институции од Република С. Македонија.

Поврзани објави

ПОЗИТИВНА ОЦЕНКА НА ЕК ЗА БРОЈОТ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112 ВО ЦУК

Cuk Editor

Проект за ефикасно откривање и управување со шумски пожари со цел зголемување на подготвеноста и размена на практики со Грција

Cuk Editor

Координативен состанок на Регионалниот Штаб на РЦУК Кичево со субјектите од СУК за превентивно дејствување по воведувањето на кризната состојба

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе