Вести

ОТСТРАНЕТА ОПАСНОСТА ОД МОСТ НАДВОЗНИК КАЈ СЕЛО ВОЈНИК, НА ПАТОТ МЕЃУ КУМАНОВО И КРИВА ПАЛАНКА

По укажувањето за опасност од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно добиените дојави од граѓани на Единствениот број за итни случаи 112, е отстранета опасноста од парчињата бетон што висеа на долниот дел од нефункционалниот, а сепак постоечки мост – надвозник кај с. Војник, над прометниот магистрален патен правец Куманово – Крива Паланка (А2). Екипи на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (ЈПОЗМРП), согласно нивните процедури, опсервираа и излегоа на терен и плански ги отстранија опасните парчиња бетон што висеа од по целата должина на мостот и повремено паѓаа на патот.

По извршената работа за отстранување на опасноста, ЈПОЗМРП го извести ЦУК со административно писмо дека е постапено по Решението на ЦУК со задолжение за постапување во определен временски рок, а и со прилог со фото документација на состојбата на мостот-надвозник пред и после нивната интервенција за отстранување на опасноста.

Инаку, опасните бетонски парчиња, а и тие што претставувале потенцијална опасност, биле рачно отстранувани од вработени качени на дигалка, со наизменично затворање на една лена за сообраќај на прометниот магистрален пат, со многу кратки прекини на сообраќајот што безбедно бил регулиран со помош на знаменца и луѓе, а и со вообичаените знаци за работа на пат, од страна на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта ЈПОЗМРП.

Поврзани објави

Ангелов и тим од ЦУК на јубилеј кај партнери во меѓународни проекти за зајакнување на капацитетите за рано предупредување и справување со итни и кризни состојби

Cuk Editor

60 ГОДИНИ СКОПСКИ ЗЕМЈОТРЕС

Cuk Editor

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ЦУК – ЗА СИТУАЦИЈА СО МЕЧКИТЕ

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе