Вести

Ангелов на Комитет за отпорност на НАТО во Брисел


Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов учествуваше на првата Пленарна сесија на Комитетот за отпорност на ниво на политички директори, која се одржа вчера и денес (01-02 декември) во седиштето на НАТО во Брисел.

На 1 декември 2022 членките на НАТО дискутираа како насоките од состанокот на високите национални претставници за отпорност да се преточат во конкретни активности и одобрија работни области со временска рамка кои ќе бидат патоказ за градење отпорност до Самитот на НАТО во Вилнус. Претседавачите на групите за планирање при Комитетот за отпорност, кои играат важна улога во споделувањето на свесноста за националната подготвеност и неопходните активности, информираа за претстојната работа во делот на цивилната подготвеност преку седумте основни побарувања.

Дискусиите за перспективата на приватниот сектор во однос на зајакнувањето на националната и колективната отпорност продолжија за време на неформалната работна вечера. Притоа Ангелов оствари повеќе билатерални разговори.

Главна тема на сесијата 02.12.20022 година беше примената на Стратешкиот концепт кој нагласува дека обезбедувањето национална и колективна отпорност е клучно за сите основни задачи на НАТО и ги поткрепува напорите на сојузниците да ги заштитат нашите нации, општества и заеднички вредности.

Во втората сесија на сојузниците им се придружија земјите партнери на кои им се преставија најновите стратегии и се разговараше за влијанието на војната во Украина врз националната и колективната отпорност. Во таа насока, беше нагласено дека отпорноста на критичната инфраструктура е од суштинско значење за континуитетот на основните услуги за населението и за националната одбрана.

Поврзани објави

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и претседателот на мрежата на македонските доброволни противпожарни друштва Кирил Михајлов, од 14 до 16 јануари 2025 година во Дубаи учествуваа на Глобалниот настан за подигнување на јавната свест, превенција, обуки и опрема за противпожарна заштита

Cuk Editor

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов во седиштето на НАТО во Брисел, на состаноци за креирање на национална политика во делот на градењето отпорност

Cuk Editor

Центарот за управување со кризи презема конкретни чекори за градење на отпорност кон ризици од катастрофи

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе