Директорот на ЦУК, г-дин Стојанче Ангелов додели Благодарница на г-дин Козу Хиројуки, Експерт на Јапонската агенција за меѓународна соработка- ЈИЦА за ГИС и бази на податоци за неговиот значителен и извонреден придонес во зајакнувањето на капацитетите на Центарот за Управување со кризи преку развојот на Интегрирана ГИС платформа за превенција и рано предупредување за шумски пожари – “Македонски информативен систем за шумски пожари (МКФФИС)”.
Оваа Благодарница е доделена по повод завршувањето на проектниот ангажман на г-дин Хиројуки, кој беше вклучен во активностите за дизајнирање, развој и надградба на МКФФИС во периодот од 2011-2014 и од 2018-2023 год.
Преку својата извонредна работа и професионалност, г-дин Козу Хиројуки во голема мерка придонесе за реализација на техничката соработка помеѓу ЈИЦА и ЦУК и преку соработка и обуки со ги пренесе потребните знаења и вештини за понатамошна употреба и одржливост на МКФФИС, како за вработените од ЦУК, така и за вработени од останатите субјекти од Системот за управување со кризи кои се вклучени во управувањето со ризикот од шумски пожари.
Во име на ЦУК и другите вклучени институции во проектот, Директорот Ангелов му изрази искрена благодарност на г-дин Хиројуки, му посака добро здравје и понатамошен професионален успех.