Пожари на отворен простор вчера имало вкупно 23. Од нив, активни се уште четири: во Општина Македонски Брод, во атарот на с.Белица, кај месноста „Аргулица“ (под Солунска Глава) гори ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и е речиси невозможно за пристап за лица и за гаснење; во Општина Велес, кај с.Нежилово близу месноста „Изворите на Бабуна“ гори букова шума; во Општина Долнени, меѓу с Долгаец, Стровија и Црнилиште гори уредена шума и во Општина Штип кај с.Пухче ниска вегетација и шума.
Другите 19 изганати пожари во последното деноноќие биле на целата територија на државата, во општините:
- Општина Арачиново, кај с.Арачиново (каде што горела ниска вегетација);
- Општина Карпош, близу до Канал 5 (ниска вегетација);
- Општина Прилеп, 4 пожари, покрај патот Битола – Прилеп, кај Агроинвест, кај с.Рилево, с.Словие и кај „Алфа Ауто – Прилеп„ (ниска вегетација, стрниште, нискостеблеста шума, трева и грмушки);
- Општина Кривогаштани, кај пречистителна станица на Кривогаштани (ниска вегетација);
- Општина Крушево, кај месноста „Кобел“ (ниска вегетација);
- Општина Велес, с.Мамутчево (ниска вегетација);
- Општина Расоман, кај ф-ка „Синсиритас“ (ниска вегетација и напуштени лозови насади);
- Општина Кочани, 2, кај с.Мојанци и кај с.Ново селени (Ниска вегетација);
- Општина Куманово, 3 вкупно, еден кај с.Брзак, и два кај ц.Скачковце (ниска вегетација и отпаден материјал);
- Општина Крива Паланка, с.Конопница (депонија);
- Општина Старо Нагоричане, с.Никулане (ниска вегетација и ниско стаблеста дрва );
- Општина Јегуновце, с.Беловиште (ниска вегетација) и во
- Општина Гостивар, с.Градец (каде што горела ниска вегетација).