Пожари

Изминатото деноноќие 21 пожар на отворено, четири се уште активни

– Регионалниот ЦУК – Скопје, известува дека вчера од БППЗ на градот Скопје, во 12.37 часот добиле информација дека пожарот пријавен во месноста Китка, кај селото Варвара, се наоѓа на особено непристапен терен, поради што не е возможно да интервенираат екипи. Од ЦУК известени се ЈП „Национални шуми“, подружница „Караџица“ – Скопје.

Регионалниот ЦУК -Охрид информира дека од ТППЕ Македонски Брод известиле оти високо над селото Горно Ботушје има активен пожар, но, истиот не предизвикува опасност.

Регионалниот ЦУК – Штип известува дека ТППЕ Берово, од 17.30 часот, со два пожарникара и едно ПП возило, како и четворица вработени во ЈП „Национални шуми“, подружница „Малеш“ од Берово, интервенирале на запалена букова и дабова шума во близина на селото Русиново.

Регионалниот ЦУК – Тетово, известува дека кај селото Дебарце, општина Желино, има активен пожар. Според информациите од терен од ЈП „Национални шуми“, подружница „Лешница“ од Тетово, на терен биле со тројца вработени, но, во 16 часот се повлекле, заради силен ветар. Теренот е непристапен за пожарникарите од ТППЕ Тетово. Во утринските часови се предвидува  повторно да интервенираат со екипа од „Лешница“ од Тетово.

ЦУК апелира да не се пали вегетација на отворено и редовно чистење на локалните одводни канали, како и да не се фрлаат отпадоци во нив.

Поврзани објави

Пожари од 04.10.2022 година 08:30 часот до 05.10.2022 година 08:30 часот

Web Administrator

Пожари на отворен простор

Cuk Editor

Пожар помеѓу Лозово и Велес, гори квалитетна борова шума, ангажирани се и воздухоплови за гаснење

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе