Вести

ОДРЖАНА 50 СЕДНИЦА НА РШ НА РЦУК  КИЧЕВО

На ден 27.04.2023 година се одржа 50 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево. Покрај членовите на РШ  на седницата  присуствуваа претставници од ТППЕ Кичево, касарна Кичево, ЈП Национални шуми под. ШС Лопушник, МЗШВ ПЕ Кичево и Шумска Полиција Кичево..

На седницата се дискутираше за  намалување на ризикот од појава на пожари согледувајќи ја подготвеноста на субјектите од СУК за ефективен и брз одговор во случај на појава на пожари на отворен простор со посебен осврт на шумските пожари од поголеми размери.

Раководителот на РЦУК Кичево Сузана Тасевска во своето излагање истакна дека  временските прилики досега се добри, но минатото не има научено на неопходноста од добра подготвеност, а особено на важноста на  превенцијата во целиот процес на заштитата од шумските пожари.

Претставникот од ШС Лопушник истакна дека нивната институција е главен носител во процесот на справување со шумски пожари. На ниво на подружница имаат изработено Годишен оперативен план за заштита од пожари кој е доставен до РЦУК Кичево и другите институции. Во планот се наведени сите човечки и материјално-технички ресурси со кои располагаат. Предвидени се 7 дежурни групи со по 5 вработени, а при поголеми пожари се вклучуваат и други вработени на ШС Лопушник Кичево.

Претставникот од Општина Кичево пренесе дека се донесени  Одлуките за формирање на Просторен штаб и единици за заштита и спасување.На седница на совет на општина Кичево донесена е и Годишна програма за заштита и спасување со предвидена финансиска конструкција потребна за формирање на силите и нивното техничко опремување.

                Врз основа на дискусиите се донесоа следните заклучоци:

  1. Членовите на РШ да бидат во постојана координација и во наредниот период да се организираат тимови од членови на штабот со цел превентивни посети со месното население
  2. Апел до локалните медиуми со цел информирање за опасноста од палење на оган на отворен простор

Поврзани објави

Втор Регионален семинар во рамките на “Проектот за градење на капацитети за екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи (Eco-DRR)” поддржан од Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија – JICA

Cuk Editor

Одржана 53 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево

Cuk Editor

60 ГОДИНИ СКОПСКИ ЗЕМЈОТРЕС

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе