Вести

ПОЗИТИВНА ОЦЕНКА НА ЕК ЗА БРОЈОТ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112 ВО ЦУК

Според извештајот на Европската комисија, Центарот за управување со кризи успешно го имплементираше проектот за воведување на 112 како дел од напорите на земјата за приближување кон ЕУ регулативата, вредностите и стандардите. Бројот 112 е достапен за сите граѓани во целата земја.

Кога и да се соочат со вистински итен случај, каде било во Р.С. Македонија, граѓаните секoгаш можат да се јават на бројот 112, 24 часа на ден, секој ден, секогаш кога се во опасност или им е потребна полициска интервенција, лекарска помош, противпожарна заштита или сакаат да пријават било каква друга опасност која не е итна но го загрозува нивниот живот, здравје или имот, објаснува директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Во работниот документ на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија во 2023 година, во Поглавјето 27 што се однесува на Животната средина и климатските промени, во делот Цивилна заштита стои дека “Европскиот број за итни повици Е 112 од февруари 2022 година е достапен за сите граѓани во целата земја. Центарот за управување со кризи успешно го имплементираше проектот за воведување на Е 112 како обврска од Законот за управување со кризи и како дел од напорите на земјата за приближување кон ЕУ регулативата, вредностите и стандардите.”

Во Поглавјето 10: Дигитална трансформација и медиуми, се упатува на потребата за продолжување по истиот пат, имено, зголемување на капацитетите на Е 112 службите и услугите, со подобрување на капацитетите за комуникација помеѓу нив и зајакнати човечки ресурси (по број и континуирана обука).

Според директорот Стојанче Ангелов Центарот за управување со кризи активно работи на зајакнување и унапредување на бројот 112 со сопствени сили и ресурси но и со аплицирање за нов ЕУ проект за надградба на капацитетите на 112.

Поврзани објави

Опремување и обука за рано предупредување за ризик од катастрофи од шумски пожари преку проекти за прекугранична соработка

Cuk Editor

Градење на Регионални капацитети за управување со ризикот со пожари на отворен простор во Западен Балкан

Cuk Editor

Центар за управување со кризи – 18 години постоење, со благородната цел: – Безбедноста пред се! Qendra për menaxhim me kriza – 18 vjet ekzistencë, me qëllimin fisnik: – Siguria në radhë të parë!

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе