Пожари

Состојбата со пожарот во реон на армискиот полигон „Пепелиште“

Генерално, од пожарот во реон на армискиот полигон „Пепелиште“, на 10-километарскиот „огнен фронт“ нема опасност и загрозување на населби, објекти и инфраструктура, според информации од терен, но и денеска од утрово се дејствува врз пожарот а ЦУК упати и барање за поддршка за целосно извидување на теренот од воздух до МВР, а и барање за извидување од воздух со дронови на Граничната полиција и на „Фронтекс“

Конкретно, денеска, во раните утрински часови, се дејствува врз пожарот во реон на армискиот воен полигон „Пепелиште“ од страна на ТППЕ Неготино и Јавните комунални претпријатија од општината, а и со локална поддршка од месното население. Опасниот крак од пожарот на 10-километарскиот „огнен фронт“, што го ги загрозуваше селата Пепелиште и Војшанци вчера е изгаснат, така што повеќе не постои повеќе опасност од пожарот за двете села.

При утринската координација на ТППЕ од Неготино, ЦУК и МВР е одлучено хеликоптер на МВР, утрово, да дејствува на теренот каде што е пожарот во правец од с. Војшанци кон сртот на планината Серта, за да не префрли пожарот кн Конечка Планина. Таму има густа вегетација од ниска шума, нискостеблеста иглолисна вегетација и висока трева.

Дел од екипите на пожарникарите од ТППЕ и јавните комунални претпријатија од Неготино се концентрирани на поголемите жаришта од пожарот на планината Серта. Тие ПП екипи, заедно и со дел од мешаните, континуирано дејствуваат во тој предел за да го стават пожарот под целосна контрола.

Целата операција на дејствување врз пожарот е задолжен да ја води командирот на ТППЕ и по негова проценка, дека има потреба од дополнителни ресурси за справување и гаснење на пожарот, преку градоначалникот на Општина Неготино, че ги побара од соседните општини.

Армискиот хеликоптер „ми-17“ е планирано да се вклучи во гаснење на пожарот денеска околу 12.00 часот.

Утрово, ЦУК упати и барање за поддршка за целосно извидување на теренот од воздух до МВР, а и барање за извидување од воздух со дронови на Граничната полиција и на „Фронтекс“ (Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, што обезбедува оперативна поддршка во управувањето со границите, како помош и во нашата држава).

Центарот за управување со кризи информира дека, генерално, од опасниот пожар во реон на армискиот воен полигон „Пепелиште“ што имаше 10-километарски „огнен фронт“, нема опасност и загрозување на населби, објекти и инфраструктура, според информации од терен што до ЦУК пристигна од терен и од Општина Неготино.

Поврзани објави

Противпожарна презентација – примена на нови адитиви за гаснење на противпожарен полигонот на Коузон во Скопје

Web Administrator

Пожар во Општина Долнени

Cuk Editor

Пожар во атарот на с. Милетино, Општина Брвеница

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе