Пожари

Пожари на отворен простор

На ден 07.08.2023 година во 16:30 часот се појавил пожар во реонот на Овче Поле, наспроти фабриката за производство на месо и месни производи „МИК Св.Николе“ со кој била зафатена ниска вегетација и млада борова шума. Интервенирале ТППЕ Свети Николе со 8 пожарникари и 2 ПП возила, ДПД Свети Николе, вработени од ЈП Национални шуми ПЕ „Шумарство“ – Свети Николе. Поради силен ветар, пожарот бргу се проширил и на истиот подоцна во интервенцијата се приклучиле ТППЕ Велес со 5 пожарникари и 1 ПП возило, ТППЕ Штип со 4 пожарникари и 1 ПП возило, како и месно население со механизација. Пожарот е изгаснат во 21:20 часот и екипите се повлечени од терен, а според првичните проценки од ТППЕ Свети Николе, опожарени се околу 300 – 400 хектари.

                ТППЕ Неготино, со 3 пожарникари и 1 ПП возило, од 14:00 до 18:00 часот, гаснеле запалена борова шума на површина од околу 1 – 2 хектари во атарот на с.Копришница (опш.Демир Капија).

                ТППЕ Битола имала една интервенција поради запалена ниска вегетација во атарот на с.Карамани.

                ТППЕ Струмица, со 4 пожарникари и 1 ПП возило, од 16:55 до 17:57 часот, гаснеле запалено стрниште, ниска вегетација и ѓубре во атарот на с.Водоча.

                ТППЕ Куманово, во текот на изминатото деноноќи ги имала следните интервенции: Од 16:10 до 17:30 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило, гаснеле запалена ниска вегетација на површина од околу 5 хектари во атарот на с.Војник. Од 20:25 до 21:45 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште во атарот на с.Ваксинце. Имала и уште една помала интервенција.

                ТППЕ Гостивар имала една интервенција поради запалена ниска вегетација кај с.Здуње.

Поврзани објави

Состојба со пожарите на отворен простор

Cuk Editor

Активни пожари 12.09.2023

Cuk Editor

Пожар кај с Пласница

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе