Вести

Центар за управување со кризи – 18 години постоење, со благородната цел: – Безбедноста пред се! Qendra për menaxhim me kriza – 18 vjet ekzistencë, me qëllimin fisnik: – Siguria në radhë të parë!

На 5 октомври 2005 година ЦУК ја започна својата мисија како самостоен орган на државната управа што се грижи за превенција, рано предупредување и справување со кризи што претставуваат ризик за добрата, здравјето и животот на луѓето и животните, а се настанати од природни непогоди и епидемии или други ризици и опасности што директно го загрозуваат уставниот поредок и безбедноста на Републиката или на дел од неа.

Во текот на 18-те години постоење се соочувавме со многу предизвици, учевме и стекнувавме соработници и пријатели, добивавме и дававме помош и поддршка, добивавме и признанија, но и на критики – што не направија посилни и подобри.

Имплементираме европски вредности во областа на зголемување на безбедноста на граѓаните, на природните и материјалните добра. Секој граѓанин, при итен случај има каде да се обрати кога е во неволја, или кога се работи за заштита на животната средина и природните и материјални добрата на нашата прекрасна татковина. Остануваме посветени на работните задачи и достапност за граѓаните 24/7 – во секое време и невреме, на единствениот Европски, а сега и наш Македонски број за итни случаи 112 во ЦУК.

Чествувајќи ја нашата годишнина е неминовно, истовремено, да искажеме голема благодарност и кон сите коишто помагаат во државата и како поединци, како институции и како компании, во големата благородна цел: – Безбедноста пред се!

Qendra për menaxhim me kriza – 18 vjet ekzistencë, me qëllimin fisnik: – Siguria në radhë të parë!

Më 5 tetor 2005, QKM-ja filloi misionin e saj si organ i pavarur i administratës shtetërore që kujdeset për parandalimin, paralajmërimin e hershëm dhe ballafaqimin me kriza që paraqesin rrezik për mallrat, shëndetin, jetën e njerëzve dhe kafshëve, që janë shkaktuar nga fatkeqësitë natyrore dhe epidemitë ose rreziqet e tjera që kërcënojnë drejtpërdrejt rendin kushtetues dhe sigurinë e Republikës ose të një pjese të saj.

Gjatë 18 viteve të ekzistencës jemi përballur me sfida të shumta, mësuam dhe fituam bashkëpunëtorë e miq, morëm dhe dhamë ndihmë dhe përkrahje, morëm mirënjohje, por edhe kritika – të cilat na bënë më të fortë dhe më të mirë.

Implementojmë vlerat evropiane në fushën e rritjes së sigurisë së qytetarëve, të mirave natyrore dhe materiale. Çdo qytetar, në raste urgjente, ka ku të drejtohet kur është në vështirësi, apo kur bëhet fjalë për mbrojtjen e mjedisit dhe të mirave natyrore e materiale të atdheut tonë të bukur. Mbetemi të përkushtuar ndaj detyrave tona dhe disponueshmërisë ndaj qytetarëve 24/7 – në çdo kohë dhe stuhi, në numrin e vetëm evropian tani edhe i Maqedonisë për urgjencë 112 në QKM.

Duke festuar përvjetorin tonë, është e pashmangshme, në të njëjtën kohë, të shprehim një mirënjohje të madhe për të gjithë ata që ndihmojnë në shtet si individë, institucione dhe si kompani, në qëllimin e madh fisnik: – Siguria në radhë të parë!

Поврзани објави

Седница на Регионалниот штаб за управување со кризи-Струмица

Web Administrator

РАБОТНА СРЕДБА НА АНГЕЛОВ СО ПАРТНЕРИТЕ ОД САД ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „РЕГИОНАЛЕН СИСТЕМ ЗА РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊ НА БАЛКАНОТ“ ВО ЦУК

Cuk Editor

Одлуки за избор на кандидат по Интерен оглас број 01/2023 за унапредување на административен службеник во Центар за управување со кризи

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе