Вести

Градење на Регионални капацитети за управување со ризикот со пожари на отворен простор во Западен Балкан

„Појавата на пожари на отворен простор, што вклучува пожари во шуми и на шумско земјиште, пасишта, земјоделско земјиште и други отворени површини, од година во година е позачестена и поинтензивна “ – посочи директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов и потенцираше дека – „во последните неколку години оваа појава е посебно изразена во втората половина на летото и во почетокот на есента оваа година и се уште е актуелна“, на денешната Регионална работилница во Скопје, поддржана од Организацијата за безбедносна соработка во Европа (ОБСЕ).

Конкретно, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска ја отвори Регионалната работилница, активност, во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите за одговор на безбедносните ризици поврзани со климатските промени во Југоисточна и и источна Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија (Project “Strengthening Responses to Security Risks from Climate Change in South-Eastern Europe, Eastern Europe, the South Caucasus and Central Asia”) поддржана од Организацијата за безбедносна соработка во Европа (ОБСЕ – Organization for Security and Co-operation in Europe, OSCE) и Глобалниот и Регионалниот центар за следење на пожари (Global Fire Monitoring Center, GFMC).

Ангелов посочи дека крајната цел на ЦУК со регионалната соработка на дел од балканскиот регион за запознавање со Македонскиот информативен систем за шумски пожари МИСШП (MKFFIS – популарно познат како „Макфис“) што ЦУК го има воспоставено во соработка со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), е градење на Регионални капацитети за управување со ризикот со пожари на отворен простор во областа на Западен Балкан, а со тоа и зајакнувањето на прекуграничната соработка и отпорност на овој ризик. Во тој правец, Ангелов апелираше до организаторот да продолжи со поддршка на институциите од регионот во зајакнување на нивните капацитети за регионална соработка и помош во случај на пожари, за што и однапред се заблагодари.

Инаку, денешната обука на Работилницата (Training on Fire Early Warning in the Shar/Šara Mountains and Korab Massif Area), е во насока на намалување на ризикот од пожари и управување со пожари на ниво на предел, во областите на планините Шар Планина и Кораб со вклучување на учсници од заштитените подрачја – националните паркови, коишто се простираат на тие планински масиви.

Учесниците ќе се стекнат и со обука за основно користење на Македонскиот информативен систем за шумски пожари (MKFFIS) и se вклучени учесници од заштитените подрачја што се наоѓаат на овие планински масиви, од Република Северна Македонија, Република Косово и Република Албанија.

Поврзани објави

Одлука за избор на кандидати по Интерен оглас број 02/2023 за унапредување на административен службеник во Центар за управување со кризи

Cuk Editor

ВО ТЕК СО СОВРЕМЕНОТО СПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАРИТЕ НА ОТВОРЕНО

Cuk Editor

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов во седиштето на НАТО во Брисел, на состаноци за креирање на национална политика во делот на градењето отпорност

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе