Вести

Land Rover Defender Hard Top N1 на помош во Центарот за управување со кризи

За спроведување на мисијата за навремена реакција, ефикасност и соодветно искористување на ресурсите што се на располагање во случај на итна или кризна состојба, вработените на Центарот за управување со кризи годишно имаат над 100 интервенции низ Републиката. За полесно да одговорат на сите предизвици тие отсега имаат на располагање нов Land Rover Defender Hard Top N1 – убедлива комбинација на теренски способности, практичност и товарен простор.

Станува збор за поширок регионален проект за реализирање и имплементирање на дејност од јавен интерес. Новиот Land Rover Defender е отстапен на користење на ЦУК од страна на компаниите „Ауто Валис Дистрибјушн“ и „Аутомобили Гроуп“, регионалниот увозник заедно со дистрибутерот на возилата Jaguar и Land Rover.

Поврзани објави

ВО ТЕК СО СОВРЕМЕНОТО СПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАРИТЕ НА ОТВОРЕНО

Cuk Editor

АНГЕЛОВ ВО ТРАНЗИТНИОТ ЦЕНТАР „ВИНОЈУГ“ НА ЈУЖНАТА ГРАНИЦА

Cuk Editor

Работна посета на претставници од министерствата за одбрана на Словенија и Македонија

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе