Пожари

Пожари на отворен простор

Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од ТППЕ Ранковце пронашле настрадано повозрасно лице при гаснењето на пожар на отворено сношти при интервенција од 20.30 до 00.10 часот во атарот на с. Псача. Опожарена била сува трева со површина од околу 0,4 хектари. На местото на настанот увид вршеле екипата на СВР и медицинската екипа. Настраданото повозрасно лице го изгубило животот, најверојатно, заради гушење од чад.

Според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи, активни пожари на отворен простор има кај планината Жеден во близина на с.Радуша, кој се појавил на ден 05.02.2024 година од 17:15 часот, е сеуште активен и се движи кон карпест дел, и се очекува овој дел да биде самоизгаснат односно во текот на ноќните часови целосно да биде изгасен. Во текот на денот хеликоптерот од МВР имаше неколку прелети на истиот. ЈП Караџица е на терен и ја следат сосотојбата

Од ТППЕ Пробиштип известуваат дека во период од 17:00 часот избувнал шумски пожар во атарот на с. Јамиште (Општина Пробиштип) во гаснењето на пожарот интервенирале со 1 теренско возило и 3 пожарникари, и една екипа од ТППЕ Кратово со едно теренско возило и 3 пожарникари и 4 лица од месното население, пожарот е сеуште активен и во денешниот ден околу 07:00 часот повторно ќе одат за да интервенираат на местото на пожарот. Состојбата се следи.

Поврзани објави

Со воздушна поддршка и со противпожарни сили од земја се дејствува врз двата големи пожара во општините Чашка и Долнени

Cuk Editor

Пожар во општина Долнени

Cuk Editor

Пожари на отворен простор

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе